Берлускони веќе три дена е во болница, причината непозната

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е во болница од понеделникот и нема да може да присуствува на јавни настани некое време, објавија денеска италијанските медиуми.

Сè уште е нејасно зошто 84-годишниот медиумски тајкун е хоспитализиран, но еден од лидерите на неговата партија Форца Италија за AFP потврди дека Берлускони е во болница на прегледи и дека „не е ништо сериозно“.

Берлускони не можеше да присуствува на судското рочиште утрово во Милано, пренесува Reuters.

Силвио Берлускони веќе беше хоспитализиран во септември поради инфекција на белите дробови предизвикана од COVID-19, а потоа помина неколку дена во центарот за кардиоваскуларни болести во Монако поради срцева аритмија, и имаше операции во 2019 и 2016 година поради проблеми со срцето.

Неговите адвокати не побараа одложување на новото рочиште на судењето за Руби-Тер закажано за денеска, а станува збор за скандалот „Рубигејт“ и познатите вечери „бунга-бунга“ организирани од Силвио Берлускони за млади жени во неговата луксузна вила во близина на Милано, кои богато ги наградувал.

Во аферата, Берлускони и уште 28 други беа гонети за лажно сведочење и давање мито на сведоци.

Процесот Руби-Тер генерално се однесува на сумите пари кои Берлускони им ги исплаќал на млади жени и музичари кои присуствувале на „бунга-бунга“ забавите, во замена за нивното молчење.

Според обвинителството, за молчење Берлускони платил десет милиони евра од 2011 до 2015 година, од кои седум милиони само на Руби, девојка која била малолетна кога учествувала на тие забави.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе