Бесими: Нема да има значително зголемување на цената на струјата

Понудата што ЕСМ треба да ја даде кон универзалниот снабдувач ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на електрична енергија, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во одговор на новинарско прашање, Бесими, не сакаше да калкулира со бројки, посочувајќи дека тоа ќе го каже Регулаторната комисија за енергетика.

– Во однос на цената на електричната енергија ѝ имаме дадено на ЕСМ скоро пет милијарди за обезбедување на дополнителни ресурси за производство на електрична енергија или снабдување со електрична енергија за регулираниот пазар. Како што беше најавено, ќе има понуда од ЕСМ кон универзалниот снабдувач на електрична енергија, која веројатно, според тие проценки, ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на струјата, рече Бесими по промоцијата на новата кампања „Внеси боја во сивата економија“.

Во однос на инфлацијата, рече дека од втората половина на следната година не се очекува да продолжи трендот на раст на цените на глобалниот и на домашниот пазар.

– Ги следиме анализите на светско ниво каде се очекува инфлацијата да се стабилизира во втората половина на годината и нашите проекции се инфлацијата за наредна година да е 2,4 проценти, а од 2023 година да биде стабилизирана на два процента. 2020 година ја завршуваме со инфлација од три проценти, рече Бесими.

Замрзнување на цените на основните прехранбени производи, според Бесими, треба да се гледа како времена мерка, а во однос на предлогот да се замрзне маржата, рече дека во зависност од потребите што ќе се појават, ќе се дизајнираат мерките. 

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Read more

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Read more

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе