Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Од 13 до 18 мај во историската Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи XXIV издание на „Недела на италијанскиот филм“.

Веќе добро познатиот фестивал ќе понуди избор од 6 филма кои ја претставуваат современата италијанска кинематографска продукција - впрочем сите филмови се издадени во 2023 година и се добитници на бројни престижни национални и меѓународни награди – а вториот елемент што ги обединува е темата „промени“ во смисла на непредвидени ситуации, неочекувани врски, лични избори, историски и општествени преобразби и уметнички доживувања.

Отворањето на фестивалот ќе се одржи во понеделник на 13 мај со извонредното филмско достигнување „C’è ancora domani“ (И утре е ден), сценарио и режија на Паола Кортелези којашто ја толкува и главната улога во нејзиното режиско деби. Филмот - покрај тоа што забележа рекордна заработка во италијанските киносали во 2023 година - беше високо оценет не само во Италија, туку и во странство за неговата режија, извонредната глума на актерската екипа, но и поради длабочината на прашањата што ги третира кои се однесуваат на патријархалната култура, родовото насилство и правата на жените. Сведок за уметничката и културната вредност на „И утре е ден“ е неговиот триумф на фестивалот на Италијанската филмска академија каде што освои 6 награди Давид ди Донатело – едно од најпрестижните италијански филмски признанија – 3 победи на 18-тото издание на Римскиот филмски фестивал, како и награда за филм на годината на фестивалот Сребрени ленти во 2024 година.

Remote video URL

Во вторник, 14 мај, ќе биде прикажан „Il Comandante“ (Командант) – делото што го отвори 80-тото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција - во режија на Едоардо Де Анџелис. Филмот ја оживува на големото платно вистинската приказна на Салваторе Тодаро, легендарен херој од Втората светска војна кој во 1940 година бил командант на подморницата „Cappellini“ на италијанската Кралска морнарица, фантастично реконструирана токму за снимањето на овој филм, во секој нејзин детаљ и во природна големина. Се работи за прекрасен блокбастер made in Italy со огромна емотивна моќ што ни предочува дека морепловниот закон преовладува над која било војна. Филмот, чиј протагонист го глуми извонредниот Пјерфранческо Фавино, предизвика позитивни реакции кај јавноста и критичарите.

Remote video URL

Во среда, 15 мај, фестивалот ќе продолжи со „Rapito“ (Грабнатиот), најновиот филм на Марко Белокио - познатиот режисер добитник на Златна палма за животно дело во 2022 година и 7 статуетки Давид ди Донатело – кој црпи инспирација од книгата „Случајот Мортара“ на Даниеле Скализе. Играниот филм ја раскажува вистинската приказна за Едгардо Мортара, еврејско дете кое било крстено во тајност, а во 1858 година било одземено од неговото семејство за да биде воспитано во католичката вера, под контрола и старателство на папата Пио IX, што предизвикало интерес и од страна на меѓународната заедница. Преку овој потресен и трогателен настан и внимателната реконструкција на епохата во која се одвива дејството, „Грабнатиот“ се развива во фасцинантна приказна за предвечерието на националното обединување, кога моќта на Црквата се наоѓа во опаѓање.

Remote video URL

Четврток, 16 мај, на програмата е „Grazie Ragazzi“ (Благодарам, момци) во режија на Рикардо Милани, режисер на некои од најуспешните комедии издадени во последните години во Италија. Со овој филм се нурнуваме во животот на Антонио, актер кој е во потрага по цел, толкуван од незаборавниот Антонио Албанезе и поддржан од екипа на исклучителни актери. Приказна за надежта која гледа подалеку од неповолните околности, за искупувањето и, пред сè, за јунаците кои имаат храброст да веруваат во трансформативната моќ на уметноста.

Remote video URL

Во петок на 17 мај ќе биде прикажан „Stranizza d’Amuri“ (Нелагодна љубов), во режија на Бепе Фјорело, во неговото филмско и режисерско деби. Филмот е слободно инспириран од вистински настан кој се случил на Сицилија во 1980 година: наводно самоубиство на двајца тинејџери. Режисерот нè носи во Сицилија во 1982 година. Додека на телевизија се пренесува Светското првенство во фудбал и Италијанците се надеваат дека ќе го освојат Мундијалот, двајцата протагонисти случајно ќе се судрат со нивните скутери, а несреќата ќе стане повод за да станат пријатели, а можеби и нешто повеќе.

Remote video URL

Најпосле во сабота, на 18 мај, манифестацијата ќе се затвори со прекцијата на „Cento Domeniche“ (Сто недели), во режија на Антонио Албанезе, воедно и главна улога во филмот кој на деликатен и емотивно умешен начин ја раскажува приказната за неправдата којашто ќе погоди многу Италијанци, мали штедачи кои, како и главниот лик, ќе бидат предадени од алчноста на банкарскиот систем. Сепак, филмот ја истакнува не само социјалната драма, туку и силата на семејните врски и пријателството.

Remote video URL

Сите филмови се со титлови на македонски и англиски јазик и влезот е бесплатен.

Проекциите ќе започнат во 20:00 часот.

Неделата на италијанскиот филм, организирана од Италијанската амбасада во соработка со Институтот за Култура во Белград и Кинотеката на Република Македонија годинава се реализира благодарение на Проектот ITALIAN SCREENS промовиран од Генералната дирекција за филм и аудиовизуелни уметности на Министерството за Култура на Италија, од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка, во соработка со Филмската академија на Италија и со организациската поддршка на Cinecittà.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more

Култура

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Read more

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Read more

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе