Бесплатна игра на денот: Wolfenstein: The New Order

Во зависност од вашите очекувања, новата бесплатна игра на Epic Games Store може да ве воодушеви или разочара.

Станува збор за Wolfenstein: The New Order, првата AAA игра што Epic ја подари како дел од годинешниот празничен пакет.

Ако спиевте до почетокот на јуни и не ви пречи што играта излезе пред осум години, тогаш ова е идеална прилика сами да видите зошто фановите ја сметаат за најдобро издание во франшизата. Меѓутоа, ако ситуацијата е обратна, тогаш веќе знаете дека Epic Games Store ја подарува оваа игра, што е веќе трет наслов во последните 6 дена што беше бесплатен.

Wolfensten: The New Order е игра во прво лице, помладиот брат на Wolfenstein 3D од 1992 година. Играта е сместена во свет во кој нацистите победија во Втората светска војна, а нашиот херој Вилијам Џозеф Блашковиќ е решен да застане на патот дури и на последниот војник на оваа зла сила.

Интензивната акција ќе ве однесе низ Европа во мисија да ја урнете нацистичката воена машина. Со помош на мала група борци, инфилтрирајте се во најсилно чуваните објекти на непријателот, борете се со високотехнолошките нацистички легии и преземете ја контролата над супер-оружјето што ја освои планетата.

Wolfenstein: The New Order е многу добро прифатена од корисниците на Steam, на чија платформа е позитивно оценета дури 90% од случаите. Од друга страна, играта заработи оценка 81/100 од критичарите и 8,2/10 од публиката на Metacritic.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе