Легендарната Лара Крофт пред 28 години се појави во игрицата „Tomb Raider“, а сега доби ласкава титула.

Лара официјално е прогласена за најкултниот лик од видео игрициет на сите времиња пред церемонијата на доделувањето на наградите Balta Games Awards. Таа ги надмина и легендарните ликови во анкетата во која учествуваа гејмерите, а тоа се Марио и Соник.
Шели Блонд, која го позајми гласот на „оригиналната“ Лара Крофт, призна дека никогаш не ја играла игрицата „Tomb Raider“.
„Она што е култно за Лара Крофт е фактот дека таа е женска главна улога во видео игрица. Таа ја претставува моќта на девојката и женското зајакнување“, рече Блонд.