Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Технологијата што доаѓа со слаби лозинки, како што се „admin“ или „12345“, ќе биде забранета во Велика Британија.

Новите закони наложуваат дека сите паметни уреди мора да ги исполнуваат минималните безбедносни стандарди. Мерките за заштита на потрошувачите од хакирање и сајбер напади стапуваат на сила денеска, објави британското Министерство за наука, иновации и технологија.

Тоа значи дека производителите на телефони, телевизори и паметни ѕвончиња, меѓу другите, сега се под законска обврска да ги заштитат уредите поврзани на интернет од пристап на сајбер-криминалците, а од корисниците се бара да ги променат сите вообичаени лозинки, пишува Guardian.

Брендовите мора да објават детали за контакт за да може да се пријават грешки и проблеми и мора да бидат транспарентни за времето на безбедносните ажурирања.

Се верува дека новите мерки ќе им помогнат на клиентите да стекнат доверба во купувањето и користењето на производите во време кога потрошувачите и бизнисите се сè повеќе изложени на хакерски напади.

Министерот за наука и технологија на Обединетото Кралство Џонатан Бери рече: „Како секојдневниот живот станува сè позависен од поврзаните уреди, заканите генерирани од интернетот се множат и стануваат уште поголеми“.

„Од денес, потрошувачите ќе имаат мир на умот дека нивните паметни уреди се заштитени од сајбер-криминалци бидејќи воведуваме прво светско законодавство за да се осигураме дека нивната лична приватност, податоци и финансии се безбедни. Ние сме посветени да ја направиме ОК најбезбедно онлајн место во светот и овие нови регулативи означуваат значаен чекор кон побезбеден дигитален свет“.

Законите стапуваат на сила како дел од режимот за безбедност на производите и телекомуникациската инфраструктура (PSTI), кој има за цел да ја зајакне отпорноста на ОК на сајбер криминалот.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе