Бев подготвен да го убијам Бајден - камионџијата обвинет за напад на Белата куќа, му се восхитува на Хитлер

Макфакс
/ 24.05.2023 / 14:10

Младото момче од Мисури, 19-годишниот Сај Варшит Кандула, кој во понеделникот намерно удри со својот камион во ограда во близина на Белата куќа во Вашингтон, ѝ изјави на полицијата дека им се восхитува на нацистите и сака да ја „зграби власта“, покажуваат судските записи.

Тој рече дека е подготвен да ги убие американскиот претседател Џо Бајден, потпретседателката Камала Харис и нивните семејства и да ја „освои власта“, а, како што наведе, нападот го планирал шест месеци, пренесуваат медиумите во регионот.

Возачот изнајмил камион во понеделникот вечерта, а околу 21:35 часот, возилото било на тротоарот пред Белата куќа и удрило во метална преграда северно од Белата куќа, се вели во извештајот на Тајната служба поднесен во федералниот окружен суд во Вашингтон.

Кандула е обвинет и за грабеж на имот на САД во износ од над 1.000 долари.

Кога агентите на Тајната служба го прашале Кандула за знамето со свастика што го извадил од ранецот, тој наводно рекол дека го купил преку интернет затоа што нацистите имале голема историја и го опишал Хитлер како силен водач на кој му се восхитувал, се вели во судскиот документ.

Возачот рече дека се восхитува на нивната авторитарна природа. Неговата цел беше да влезе во Белата куќа, да ја преземе власта и да стане шеф на нацијата, пренесува NBC News повикувајќи се на извештајот.

Кандула се појави во Врховниот суд на Вашингтон во вторникот и се очекува да го има своето прво појавување пред Федералниот суд во среда попладне.

Возачот на камионот кој во понеделникот удри во бариери во близина на Белата куќа се соочува со повеќе обвиненија, вклучително и закана дека ќе го убие американскиот претседател, соопшти во понеделникот американската полиција.

Осомничениот е обвинет, меѓу другото, за закана дека ќе го убие, киднапира или повреди американскиот претседател, потпретседател или членови на неговото семејство, објави Reuters.

Покрај тоа, тој се соочува со обвиненија за напад со опасно оружје, незаконско навлегување во приватна сопственост, уништување на федерален имот и опасно управување со возило.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе