Оглас за продажба на куќа во Илиноис го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи бидејќи на фотографиите позира маж во маска од злогласниот сериски убиец Мајкл Мајерс, лик од хорор франшизата „Halloween“.
Огласот е објавен на веб-страницата Zillow, а куќата се наоѓа во градот Карлинвил. Се продава за 169 илјади долари.
Сопствениците Даниел и Овен Саливен очигледно решиле да се издвојат од толпата останати продавачи на куќи и да се обидат да ги заинтересираат потенцијалните купувачи на интересен начин.
Мајкл позираше на скалите, во бањата, во ходникот...
„Оваа куќа е исполнета со љубов. Во неа нема морничави работи. Ако одлучите да ја купите, нема да ве пречека сериски убиец“, се пошегува Даниела.
„Зошто Мајкл Мајерс е по чорапи?“, праша еден корисник на Zillow.
„Нема да имаме проблем сѐ додека тој готви и чисти“, се пошегува друг корисник.
Сепак, некои луѓе кои го видоа огласот не беа премногу воодушевени бидејќи сметаат дека куќата е во лоша состојба.
„Оваа бања е вистински хорор“, е еден од негативните коментари.