Bild: Мбапе донесе конечна одлука за трансфер, подготвен е и за неочекуван потег

Германскиот весник Bild објави дека Килјан Мбапе донел конечна одлука да премине во Реал Мадрид на помалку од шест месеци пред истекот на неговиот договор со Пари Сен-Жермен.

Кралскиот клуб сака да го финализира договорот што е можно поскоро за да избегне повторување на сапуницата од 2022 година. Сепак, барем досега, Мбапе не покажа знаци дека ќе ја донесе својата одлука наскоро.

Откако Foot Mercato претходно месецов објави дека Мбапе се согласил да премине во Реал Мадрид, германскиот SportBILD сега ја поткрепи веста, наведувајќи дека францускиот репрезентативец одлучил да го напушти ПСЖ за да ја искористи новата можност да премине во Реал.

Како што пишува Bild, Мбапе заедно со неговата мајка Фајза Ламари донеле дефинитивна одлука да се преселат во Мадрид.

Покрај тоа, тој е подготвен да прифати намалување на платата за да потпише за Реал Мадрид и неочекувано би се согласил на плата од 70 милиони евра годишно, додека во ПСЖ заработува дури 100 милиони евра.

Да потсетиме, и покрај напорите на ПСЖ да му го продолжи договорот, Мбапе секогаш, дури и јавно, кажуваше дека не сака да ја продолжи соработката и се чини дека дојде време кога ќе го носи дресот на најголемиот клуб во светот.

URL
реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе