Бионички војници кои не чувствуваат болка и умор? Франција даде зелено светло

Бионичките војници досега беа поим од научната фантастика, но наскоро би можело да се појават на боиштата ширум светот.

Поточно, војници кои имаат напредна технологија во себе со која не чувствува болка, имаат натчовечки способности и микрочипови, наскоро би можеле да станат дел од редовните француски воени сили.

Имено, Етичкиот комитет на Министерството за одбрана на Франција даде зелено светло за развој на такви технолошки и биотехнолошки можности.

Францускиот комитет ги прогласи за „клучни при борба“, а во образложението на одлуката тие наведоа и дека инсталирањето микрочипови кај војниците, со што постепено ќе се ослободуваат седативи, ќе ги направи војниците отпорни на болка, стрес и умор.

URL

Микрочиповите би можело да одат чекор подалеку, овозможувајќи им на војниците „да се поврзат“ со системите за наоружување, навигација и можеби и комуникациските системи. Француската војска дури размислува да создаде протетички додатоци кои ќе им овозможат на војниците напредни физички, когнитивни и психолошки способности.

Сепак, тоа не значи дека француските војници ќе станат бесчувствителни роботи и воени машини. Според планот на одборот, и покрај сите подобрувања, војниците треба да ги почитуваат воените и хуманитарните правила.

Француската министерка за одбрана, Флоренс Парли, посочи дека не очекува бионичките војници да станат француска реалност во блиска иднина, но додаде дека е потребно да се создадат предуслови за употреба на таквата технологија и биотехнологија во француската армија.

реклама

Чек дис аут

Римјаните 16 века пред Французите го измислиле бикинито

Read more

Најопасниот предмет во светот: Само 5 минути до него може да бидат фатални

Read more

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more
 

Магазин

  • filter

Римјаните 16 века пред Французите го измислиле бикинито

Читај повеќе

Кога почнува староста?

Читај повеќе

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Читај повеќе

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Читај повеќе

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само 5 минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе