Бислимоски: Нема да дојде до поскапување на цената на парното

Не се отвора никаков простор за зголемување на цената на топлинска енергија за граѓаните. Во ниту еден случај нема да дојде до поскапување на цената на топлинска енергија за домаќинствата, може да дојде само до намалување, истакна денеска првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.

„Дали ќе има субвенции или ќе нема, во текот на јуни ќе ја донесеме одлуката. Можевме и сега да носиме популистички одлуки кога ја намаливме цената за недомаќинствата, но се решивме за потрошувачите кои во енергетската криза ниту еднаш не беа субвенционирани, да им се помогне пред сѐ на нив“, кажа Бислимоски на прес-конференција.

Во однос на најавите од одредени партии дека ќе се укинуваат одредени одлуки и ќе се носат одлуки за граѓаните, Бислимоски рече дека одлуки за цени за преносoт на електрична енергија, тарифни системи за дистрибуција и за пренос, тарифен систем за универзалниот снабдувач, носи само Регулаторот за енергетика.

„Ниту партија вовела евтина тарифа, ниту партија може да укине надоместок, тоа може само РКЕ“, додаде првиот човек на Регулаторна.

По реакциите дека воведувањето на 200 денари давачка за мрежарина било неуставно, Бислимоски нагласи дека укинувањето на истата би ги зголемило цените на електричната енергија за првиот блок за 9,3%, односно за евтината тарифа за 14,54%.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Македонија

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Read more

Без струја корисници од Долно Лисиче

Read more

За ДУИ Силјановска го прекршила Уставот, за ВЛЕН тоа што заклетвата е потпишана со Северна значи дека ја прифатила реалноста

Read more
 

Вести

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Читај повеќе

Последната земја во западниот свет го укина ропството на денешен ден

Читај повеќе

Kривична за тројца тетовци, меѓу нив и директорот на ПИОМ: Со меѓусебен договор ја изиграле постапката за јавен повик, на сметка на државниот буџет

Читај повеќе

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Читај повеќе

ЕУ скандал: Европол хакиран, доверливи информации се на продажба

Читај повеќе

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Читај повеќе

Италија во проблеми: Младите работници бегаат во странство

Читај повеќе

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Читај повеќе

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Читај повеќе