Битиќи: Цената на електричната енергија и по 1 јануари ќе биде најниска во регионот

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи гарантира дека цената на електричната енергија по 1 јануари нема да се зголеми за толку колку што тврдат некои од медиумите и порачува дека и тогаш ќе биде најниска во регионот.

-Гарантирам дека во јануари цената нема да се покачи на ниво на кое одредени медиуми или, пак, поединци сакаат да го покажат за да креираат страв кај народот. Ние како што докажавме на 1 јули и на 1 јануари ќе докажеме дека  цената ќе биде најниска во целиот регион и ќе обезбедиме доволно електрична енергија за да продолжи да тече нормалниот живот онака како што треба, изјави Битиќи по отворањето на „Иновацискиот и бизнис форум Пеперутка“.

Посочи дека Владата се обидува да наоѓа системски решенија за електричната енергија.

-Сме кажале дека се залагаме за електрична енергија која е малку штетна за животот на граѓаните т.е. зелена енергија. Секако таа зелена енергија има повисока цена, но во овој момент тоа не е битно. Битно е дали имаме доволно електрична енергија заради целокупните движења. Затоа сме фокусирани на производство на електрична енергија и на цена која ќе биде достапна  за нашите граѓани. Сметам дека било каква популистичка мерка како што е замрзнување на цената не е одржлива. Може да ја замрзнете за три месеци и потоа ќе мора да ја пуштите особено кога сте одлучиле да оперирате на либерализиран пазар што е одлука која е стратешка и долгорочна, рече Битиќи во одговор на прашањето дали Владата размислува да ги замрзне цените на електричната енергија и на парното греење за да спречи ценовен шок.

Како Влада, посочи, будно ги следиме состојбите од  јуни 2021 година кога почна движењата на енергетската берза.

-Направивме тогаш еден таков чекор  со намалувањето на ДДВ-то за струјата токму за да нема удар кон граѓаните и одредивме цена кон ЕВН, како дистрибутер на електрична енергија до домаќинствата и до малите потрошувачи,  која речиси беше субвенционирана. Вториот чекор го направивме со интервенцијата во ЕСМ пред еден месец со обезбедување преку 65 милиони евра. Од јануари ќе има иста таква интервенција и за блиску 45.000 граѓани ќе се обезбеди пакет за енергетика за да се ублажи евентуалното покачување на цената, појасни Битиќи.

На прашањето дали се размислува за укинување на дневната тарифа за евтина струја за да се одржи цената на ниско ниво, вицепремиерот истакна дека одлуката за цената ја донесува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

-Како Влада можеме да кажеме што сме спремни да направиме и да интервенираме од аспект на евентуално субвенционирање на одредени сегменти. Кажавме дека се што е потребно како евентуална поддршка и помош кон ЕСМ или МЕПСО ќе го направиме, другото останува на РКЕ да одреди  и да даде предлог кој што е одржлив, бидејќи тие ги знаат движењата и трошењата на електрична енергија во одредени временски периоди. Може да кажат да има кратење на периодот на евтината тарифа зашто имаат преглед дали се троши електрична енергија во тој временски пик или не. Ние сме отворени да зборуваме за тоа но не на штета на граѓаните, потенцира Битиќи.

Некои од медиумите вчера објавија дека по 1 јануари цената на електричната енергија ќе се зголеми за 38 отсто. 

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Read more

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Read more

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе