Битиќи: Оставката на Заев е демократски чин, но во овој момент му е потребен на општеството

Треба да се подготвиме за четврток, затоа што пред нас се големи предизвици, и општествени и економски, за коишто сметам дека денеска ќе расправаме и ќе видиме кое е најдоброто решение, изјави вечерва вицепремиерот и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, пред почетокот на седниците на Извршниот и Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз.

Во врска со најавената оставка на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, Битиќи истакна дека таквиот потег го смета за демократски чин.

– Мора да се навикнеме на такви демократски чинови, но тоа не значи дека премиерот Заев не ни треба. Сметам дека во овој момент тој му е потребен на општеството и му треба на владеењето во државата и понатаму. Така што не знам дали денеска на дневен ред ќе расправаме за неговата оставка, но сметам дека има побитни теми. Енергетската криза, економската криза, пандемијата која што очигледно има нов бран и секако севкупниот предизвик во којшто државата се наоѓа, додаде Битиќи.

Тој додаде дека раководството на партијата не бега од одговорноста за резултатите на локалните избори, бидејќи „тоа е морален и етички, но секако и демократски чин“.

Запрашан дали има идеи за евентуално нов лидер на СДСМ, Битиќи само кусо одговори: „не, се уште е рано“.

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, пред седниците изјава дека на нив ќе се разговара околу актуелната политичка ситуација во државата.

– Ќе разговараме за сето она што е интерес на граѓаните, на државата, останувањето на патот по којшто се движи државата, мирот, безбедноста, стабилноста. Најважно е тоа да се почувствуваат граѓаните сигурни и тоа ќе биде дискусијата на Извршниот и на Централниот одбор, изјави Спасовски.

Според најавите од партијата главни теми на седниците се очекува да бидат оставка на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, анализа на изборните резултати и последните случувања на политичката сцена по поднесената иницијатива за доверба на Владата.

Од СДСМ во изминатите денови информираа дека се водат секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство.

– СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ, истакнаа од партијата. 

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Македонија

Груевски ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Read more

Се намалува мазутот, цените на дизелот и бензините остануваат непроменети

Read more
 

Вести

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Читај повеќе
  • filter

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Читај повеќе

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Читај повеќе

Груевски ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев

Читај повеќе

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Читај повеќе

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Читај повеќе