Биткоин достигна нова рекордна цена

Биткоин денес достигна рекордна цена, во моментов над 65.000 долари.

Криптовалутата се искачи над претходниот максимум од 64,889 долари во април оваа година.

Се зголеми за 4,2% за 24 часа и сега се продава за околу 65.607 долари, пренесува Coindesk.

Растот на вредноста на битконот следеше откако вчера беше започнато првото тргување на берзата со фјучерси на биткоин.

ETF ProShares Bitcoin Strategy почна со тргување по цена од 40 долари по акција под кратенката BITO и заврши со пет проценти.

Фондот ProShares е првиот од неколкуте ETF што допрва треба да се видат на Волстрит. VanEck, Invesco, Valkyrie и Galaxy Digital се меѓу неколкуте инвестициски компании кои аплицирале до Комисијата за хартии од вредност за лансирање биткоин ETF.

Одобрувањето на ETF е пресвртница за индустријата

Вредноста на биткоинот се зголеми овој месец во пресрет на почетокот на тргувањето со фјучерси на акции и благодарение на фактот дека зголемен број институционални инвеститори почнаа да го купуваат.

Неговата цена се зголеми и покрај постојаните критики од извршниот директор на JPMorgan Chace Џејми Димон, кој неодамна рече дека е безвреден.

„Одобрувањето на ETF е пресвртница за индустријата“, рече претседателот на фондацијата за Bitcoin, Брок Пирс, во изјава за CNN Business.

„Овој момент се чекаше долго. Бројни претприемачи и компании го чекаа ова од 2013 година, откако побараа одобрение од регулаторите“, додаде тој.

Почнува ера во која малите инвеститори можат директно да инвестираат во биткоин

„Почнува ера во која малите инвеститори можат директно да инвестираат во биткоин преку ETF и служи како дополнителна потврда за биткоинот и криптовалутите низ целата земја и на глобална основа“, додаде Пирс.

Експертите истакнуваат дека ETF ќе го доближи биткоинот до масите и ќе му овозможи на просечниот инвеститор да учествува во тргувањето без дa „рудари“ самостојно.

„Веруваме дека многу инвеститори со нетрпение го очекуваат започнувањето на ETF поврзан со биткоин, по долгогодишни напори да се започне“, рече извршниот директор на ProShares, Мајкл Сапир.

„BITO ќе ја прошири достапноста на биткоин на голем дел од инвеститорите кои имаат брокерски сметки и тргуваат со акции и ETF, но не сакаат да поминат низ процесот на регистрација во разни менувачници.“

Важно е да се напомене дека со купување на ETF на ProShares не станувате директен сопственик на биткоин, туку се обложувате само за идната цена на таа криптовалута.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе