Раст на Волстрит втор ден по ред

На Волстрит берзанските индекси пораснаа втор ден по ред бидејќи инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на повеќето американски компании.

Dow Jones зајакна 0,69 отсто, на 38.503 поени, додека S&P 500 порасна за 1,20 отсто, на 5.070 поени, а Nasdaq индексот порасна за 1,59 отсто, на 15.696 поени.

По шест дена пад, S&P 500 и Nasdaq вчера пораснаа втор ден по ред, благодарение на подобрите од очекуваните деловни резултати на повеќето компании.

Така, на пример, по објавувањето на резултатите, цената на акцијата на General Motors скокна за повеќе од 4 отсто.

По затворањето на Волстрит, цената на акцијата на Tesla скокна за околу 6 отсто во продолженото тргување.

Додуша, деловните резултати на компанијата се нешто послаби од очекуваното, но компанијата најави производство на нови, поевтини модели на електрични возила и преструктуирање, односно отпуштање на неколку илјади работници.

Во наредните денови инвеститорите ќе се фокусираат и на деловните извештаи на компаниите како Meta Platforms, Alphabet и Microsoft.

В петок, пак, ќе биде објавен извештајот за инфлацијата, што може да влијае на насоката на пазарот.

До неодамна, се очекуваше дека ФЕД агресивно ќе ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од јуни.

Сепак, сè појасно е дека централната банка нема да брза со намалување на каматните стапки бидејќи пазарот на трудот е сè уште силен, економијата расте, а инфлацијата е сè уште покачена.

Затоа, се повеќе се шпекулира дека процесот на намалување на каматните стапки би можел да започне дури наесен.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,26 отсто, на 8.044 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,55 отсто, на 18.137 поени, а париски CAC 0,81 отсто, на 8.105 поени.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе