Благо намалување на бројот на заболени, процесот на имунизација продолжува

Благо намалување на бројот на позитивни на коронавирусот се бележи во државава. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 1.092 случаи од 5.569 тестирани, но и 2003 оздравени. Во меѓувреме, продолжува процесот на имунизација. Се вакцинираат приоритетни групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата и повозрасните лица.

Од критичната инфраструктура, вчера со Sputnik V се вакцинираа воспитувачките и вработените во градинките и учлиштата, но и пожарникарите, кои, исто така, спаѓаат во приоритетните групи.

Имунизацијата тече и во останатите вакцинални пунктови во земјава со вакцината на AstraZeneca, која ја примаат лицата над 77 години, а во тек е пријавување кај матичните лекари и на граѓани на возраст над 75 години, кои ќе бидат вакцинирани со оваа вакцина.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера преку својот Facebook профил апелираше граѓаните да се пријават за вакцинација со цел побрзо надминување на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

– Сега е време да придонесеме за побрзо надминување на пандемијата со коронавирусот. Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет. Пријави се за вакцинација денес vakcinacija.mk, напиша министерот Филипче на Facebook.

Вакцинацијата е еден од начините со коишто можеме да се справуваме со инфективните заразни заболување, посебно со COVID-19, тврди доц. д-р Мери Киријас од Институтот за имунологија,

Таа вчера во интервју за МИА беше децидна дека во рок од шест месеци по имунизацијата против коронавирусот, може да бидеме сигурни дека постои заштита од COVID-19, но може да се очекува тој временски период да биде и подолг.

– Се надеваме дека ќе нема потреба од повторни ревакцини, меѓутоа не можеме со сигурност точно да го кажеме тоа само ради моментот со она што го гледаме се мутациите кај вирусот и не знаеме во која насока ќе се движат во наредниот период и дали вакцините ќе бидат доволно ефикасни. Меѓутоа, тоа времето ќе покаже дали ќе има навистина потреба од тоа или не, потенцира д-р Киријас.

Според Киријас, присуство на антитела во организмот значи заштита од COVID-19 и не е важна колкава бројката на антитела, бидејќи заштитата не е само од нив, туку е важен и клеточниот имунитет којшто останува како меморија.

Во врска со досега познатите нуспојави по вакцинацијата, освен ретката појава на поврзаноста на појавите на згрутчување на крвта и вакцината на AstraZeneca што ја потврди и Европската агенција за лекови (ЕМА), Киријас вели дека во САД по примањето на вакцината на Pfizer се регистирани и појави на минлив фацијалис, а имало и случаи со тромбози, меѓутоа не е потврдено дали тие се причинско-последично поврзани или не.

Нагласи дека официјалните препораки се дека вакцинацијата и ревакцинацијата треба да бидат со истиот тип вакцина, бидејќи сè уште не се знае колкава би била ефикасноста и што би можело да се очекува доколку првата и втората доза да бидат од различни производители.

Во однос на забелешките на антиваксерите е дека мРНК-вакцините, во кои спаѓаат оние на Pfizer и Moderna можат да ќе предизвикаат промена на ДНК-та на примателот, д-р Киријас во интервју за МИА вчера појасни дека ваквите тврдења немаат логика и оти тоа биолошки не е можно.

Инаку, согласно вчерашниот извештај на Министерството за здравство, на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат 1.687 пациенти. Вкупно 687 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Има околу 340 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Од Министерството за здравство информираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

-Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, соопштија вчера од МЗ.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е 141.157.

Досега оздравени се 115.433 пациенти, а починаа вкупно 4.182 лица. 

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе