Богата програма во рамки на Скопско лето

Оваа недела во рамки на Скопско лето има голем избор на настани од различни области.

Синоќа во Чифте амам се отвори изложбата на Михаил Корубин „Визуелна Артикулација“ која предизвика голем интерес кај присутните. Корубин на публиката ѝ се претстави со 13 големи платна кои ги насликал годинава, како и со минијатурни графики арт токен за кои допрва ќе се пишува, бидејќи самиот тој е иноватор на овој стил.

Денеска во Музејот на македонската борба за сите љубители на класичната музика ќе се одржи концерт на Андреј Наунов на пијано и Кристијан Жермен од Австрија. Овој настан е во соработка со Австриската амбасада во Скопје.

За најмладата публика во среда ќе игра претставата „Некој нека ми каже колку сум важен“ во Театарот за деца и младинци, со почеток во 19 часот.

Во претставата играат: Мики Анчевски – Курт; Марија Ѓорѓијовска – Бад, Гунар, Премиерот; Никола Наковски – раскажувач, Ана Лиз, Продавачот Мефисто, Капетанот, Госпоѓата, Пациентот; Ненад Митевски – Раскажувач, Курт Газирано, Архитект, Доктор Петер, Полицаецот, Главниот Доктор, Цариник, Штауб; Ангела Димитрова – Раскажувач, Елена Дебелата, Архитект, Докторка Нина, Гатачката, Воспитувачка, Новинарката, Докторката, Старата госпоѓа.

Додека во Куршумли ан малку подоцна со почеток во 20 часот стартува концертната промоција на албумот „Вида“ на MIYATTA.

Фотографот Ацо Кондев со изложбата „Парис ла Дефанс“ е на програма во четврток и тоа во Културно информативниот центар со почеток во 20:30 часот.

Во продукција на Снежана Богдановска – Сани ќе се одржи модна ревија како омаж на Тјери Муглер, насловена како „Ангел на ексцентричноста“ во петок на 30 јуни. Се работи за ревија на студентите на институтот Изет цури според инспирација од моделите на дизајнерот Тјери Муглер.

Специјални гости учесници се Изет Цури, Никола Ефтимов, Доминик Брунет, Игор Марков и други.

Режијата е на Анастасија Стејси Марш Богдановска.

Саботата е резервирана за изложба на фотографии на Џон Илија Апелгрин „Забранети луѓе“ и тоа во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот.

Малку подоцна во 21:00 е најавен Гала оперски концерт на националната опера и балет со солистите, хорот и оркестарот на НОБ. Диригентската палка е на Реваз Јавакишвили од Грузија. На програмата се арии од Верди, Пучини, Чилеа и Моцарт.

Целосната програма на Скопско лето 2023 можете да ја погледнете во каталогот тука.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Култура

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе