Борељ стигна во Скопје: Уставните измени се клучни и треба побрзо да се усвојат

Премиерот Димитар Ковачевски го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жузеп Борељ, кој во пресрет на одржувањето на 30-тиот Министерски состанок на ОБСЕ е во Скопје.

На билатералниот состанок покрај премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската комисија, Борељ, присуствуваа и заменик-претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

На средбата се разговараше за актуелности поврзани со европските аспирации на Северна Македонија, за реформскиот напредок во клучните области и за политичките состојби во земјава.

Високиот претставник на Европската Унија, Жузеп Борељ, го поздрави успешното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ. Соговорниците разменија ставови дека претседавањето сериозно придонесе кон зајакнато позиционирање на земјава во меѓународни рамки како конструктивен актер за стабилност и соработка.

Потпретседателот на Европската комисија се заблагодари што Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на Европската Унијата.

Воедно, ја поздрави непоколебливата поддршка што Северна Македонија ѝ ја дава на Украина.

Двајцата соговорници разменија мислења за текот на пристапниот процес на нашата држава, како и за скрининг процесот, чиј извештај ќе биде поттик за интензивен ангажман, со цел да се забрза реформскиот процес за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Билатералниот скрининг е важен дел од процесот и потврда дека Северна Македонија се движи во вистинската насока, истакна на средбата премиерот.

Потпретседателот на ЕК, Жузеп Борељ, истакна дека уставните измени се клучни за напредокот на Северна Македонија во ЕУ и апелираше дека истите што побрзо треба да се усвојат.

Премиерот Ковачевски на средбата со високиот претставник на ЕУ изрази благодарност за силната поддршка на Европската Унија и изрази и верување дека со новиот План за раст за Западен Балкан, Унијата ќе го интензивира својот ангажман на сите нивоа за поддршка на политичката, економската и социјалната трансформација на Северна Македонија.

Претседателот на Владата, Ковачевски истакна дека политиките на Владата се на линија на европската агенда и земјата има политички капацитети коишто можат да придонесат по успешно завршениот скрининг процес, со динамично темпо Северна Македонија да влезе во преговарачки процес и до 2030 година земјата да стане членка на ЕУ.

На средбата беа разменети ставови за Планот за раст на ЕУ, кој е од клучна важност за реформите на финансиските капацитети и економските капацитети на државите, но и јакнењето на институциите, на земјите од Западен Балкан. Ковачевски и Борељ разговараа дека овој план ќе ја зголеми економијата на Северна Македонија, и ќе и овозможи значи економско поврзување и присуство на единствениот пазар од половина милијарда потрошувачи, преку кој ЕУ стана трговска суперсила.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе