Ќе се врати ли?

Борис Џонсон повторно сака да биде премиер

Б.С.Б.
/ 21.10.2022 / 13:00

Кој ќе ја наследи Лиз Трас? По шест недели откако стапи на должност, Трас поднесе оставка со што нејзината бурна премиерска должност стана најкратка во британската историја.

На кандидатите кои ќе ја заменат потребна им е поддршка од најмалку 100 колеги, со што изборот е ограничен на тројца. Поранешниот премиер Борис Џонсон не ја исклучи можноста за драматично враќање, неколку месеци откако беше протеран по побуната на конзервативците.

Риши Сунак и Пени Мордант, кои неуспешно се натпреваруваа за неговата замена, исто така се сметаат за веројатни кандидати за повторна кандидатура.

Досега, BBC проценува дека Сунак има најмногу пратеници кои би се изјасниле за поддршка, додека Борис Џонсон има 23 и Пени Мордант 16.

Но, таа ситуација брзо се менува. Освен тоа, за кандидатура размислуваат и други кандидати како министерот за одбрана Бен Валас.

Кандидатите имаат време до понеделник, до 14 часот да пронајдат 100 поддржувачи меѓу колегите. Ако тројца кандидати го достигнат прагот, еден ќе биде исфрлен со гласање уште истиот ден.

Кога Џонсон би се вратил, тоа би било без преседан во британската политичка историја, бидејќи тоа би се случило само неколку недели откако беше принуден да си замине.

Анкетите сугерираат дека и понатаму е популарен меѓу конзервативците, но дека неговото враќање би можело да предизвика поделби бидејќи некои изјавија дека ќе ја напуштат политиката во случај тој да се врати.

Џонсон беше на одмор на Кариби кога Трас поднесе оставка.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе