Борисов: Со вакво темпо на вакцинирање од 1 март во Бугарија ќе се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150.000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти заздравеле од COVID-19.

– Со оваа стапка на вакцинација и овој штит од 350.000 луѓе што го имавме пред пандемијата, на 1 март ќе бидат отворени рестораните и салите за игри на среќа, а ноќните клубови ќе бидат отворени на 1 април, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов, по редовниот состанок на владата, јави дописникот на МИА од Софија.

Премиерот му нареди на министерот за здравство, Костадин Ангелов, на денешниот состанок со сопствениците на рестораните и другите угостителски објекти да разговара за неопходните активности во врска со нивната подготвеност да ги отворат вратите од 1 март.

Во овој контекст, премиерот на Бугарија истакна дека вакцинацијата треба да продолжи со сегашното темпо, а обезбедените мобилни тимови за оддалечените населби треба да продолжат со имунизацијата, бидејќи тоа е начин секторите затворени од пандемијата повторно да почнат со работа под одредени услови и капацитети.

– Во Бугарија, со строго почитувани мерки, и истовремено со најлибералните во Европа, покажуваме резултати што на луѓето им овозможуваат да живеат нормално. Бугарите не чувствуваат дека постои пандемија, како и во другите европски земји. Значи, да продолжиме на овој начин, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе