Бостон го победи Мајами на гости и се најде на чекор од финалето

Кошаркарите на Бостон Селтикс пристигнаа на чекор од големото финале во НБА лигата.

Со 93:80 славеа на гостувањето кај Мајами Хит и поведоа со 3:2 во финалната серија на Истокот. Утревечер ќе имаат шанса да стигнат до 22-то големо финале и да стигнат до 18-та титула со која би се одвоиле од Лос Анџелес Лејкерс на вечната листа.

Хит одигра добро во првото полувреме по кое поведе со пет разлика. Решавачка беше третата четвртина во која Бостон постигна дури 32 поени, двојно повеќе од домаќините, а таа предност успеа мирно да ја одбрани во последната четвртина. Тоа беше втора победа на Хит на гости во оваа серија.

URL

Селтикс беа предводени од Џејлен Браун со 25 поени (10/19 шута од игра), а фантастична партија имаше и Џејсон Тејтум кој остави една асистенција помалку за трипл-дабл учинок (22 поени, 12 скока, 9 асистенции). Кај Мајами најдобар беше Бам Адебајо со 18 поени и десет скока.

URL

Најголемото разочарување беше првата ѕвезда на Хит, Џими Батлер. Погоди катастрофални 22% од игра (4/18) и мечот го заврши со 13 поени. Роберт Вилијамс Трети повторно беше еден од клучните играчи во дефанзивната фаза со 10 скока, три блокади и една украдена топка.

Тагови
реклама

Кошарка

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе