Божикна венец салата со пилешко

Салатата Божикен венец со пилешко наликува на венец поради копарот, а е неверојатно богата со состојки кои се надополнуваат.

Салатата Божикен венец наликува на руската салата, но е малку повкусна и има повеќе состојки.

Доколку ви останало пилешко, можете да ја направите најубавата новогодишна салата со чадено пилешко. Време е на празнични прослави, а со тоа и време на приготвување на соодветни јадења кои ги красат нашите празнични трпези. Меѓу нив, посебно место зазема салатата Божикен венец со пилешко - вистински симбол на топлина, удобност и забавни моменти. Пробајте го овој вкусен прилог.

Потребни состојки:

  • 350 гр пилешко филе
  • 150 гр кашкавал
  • 4 јајца
  • 2-3 кисели краставички
  • 3-4 компири
  • 2-3 чери домати (за гарнир)
  • мајонез
  • букет свеж копар
  • бибер

Подготовка:

Прво сварете ги компирите во солена вода, изладете ги, исчистете ги и изрендајте ги на крупно ренде. Ставете ги на чинија и покријте со слој мајонез одозгора.

Свареното пилешко филе исечете го на коцки, наредете го над компирите, посипете со малку црн бибер (по желба) и премачкајте со мајонез. Киселите краставички исечкајте ги на коцки, отстранете го вишокот влага, ставете на пилешкото филе, премачкајте со мајонез. Варените јајца изрендајте ги на крупно ренде, наредете ги над краставичките и премачкајте ги со мајонез. Врз јајцата ставете го ренданиот кашкавал. Околу целата салата ставете свежи гранчиња од копар, чери домати исечени на половинки и украсете ја салатата. Оставете во фрижидер 2-3 часа. После тоа, послужете ја салатата Божикен венец со пилешко.

Тагови
реклама

Рецепти

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе