Божикна ѕвезда – украс за новогодишните и божикните празници

Голем број семејства за новогодишните и божикните празници, освен со китење на елката, домот го украсуваат и со цвеќето божикна ѕвезда, кое цвета во периодот околу Божик.

Цветовите на божикната ѕвезда всушност не се вистински цветови, туку се листови на растението, кои можат да бидат во различни бои: црвена, жолта, портокалова, бела и крем. Вистинските цветови се многу мали и незабележителни и имаат зелена или жолта боја, а се во форма на бобинки.

Името божикна ѕвезда ова цвеќе го добило бидејќи листовите му се во облик на ѕвезда. Цвета за Божик, а ја симболизира ѕвездата што на тројцата мудреци им го покажала патот до Исус.

Постојат и други легенди за божикната ѕвезда. Според една стара мексиканска легенда, првата божикна ѕвезда настанала од молитвите на девојчето Марија и нејзиното братче Пабло. Тие потекнувале од сиромашно семејство и немале пари да купат подарок за малиот Исус. На Бадник кога оделе кон црквата набрале полски билки наместо подарок. Кога ги ставиле билките околу колепката на Исус, нивните зелени листови станале сјајно црвени цветови.

Според друга легенда, пак, убавината на ова цвеќе се должи на некоја астечка божица, на која поради несреќната љубов ѝ се распарчило срцето. Од капките на нејзината крв израснал огнен цвет со црвена боја опкружен со зелени ливчиња.

Божикната ѕвезда е совршена за подарок, а со своите прекрасни цветови го разубавува секој простор за време на празниците.

Тагови
реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе