Бран отпуштања во Германија, а се бараат експерти „под дрво и камен“

Многу германски компании укинуваат илјадници работни места, но во исто време не престанува очајничкиот крик за „недостигот од експерти“. Затоа што во исто време во индустријата се случуваат многу големи промени, пишува Deutsche Welle.

SAP има намера да укине 8.000 работни места ширум светот, Continental 7.150 и 1.200 во Bosch во наредните години. И ZF Friedrichshafen и Volkswagen веќе најавија дека повеќе нема да им требаат толку многу работници.

Тука е и градежниот сектор каде веќе почнаа отпуштањата, а таму се „кратат“ и филијали и вработени во банките. Новиот шеф на Bayer, Бил Андерсон, ја најави новата структура на фармацевтскиот гигант, но и јасно стави до знаење дека во него нема да има толку вработени. Списокот на големи, но и средни и семејни компании кои планираат да го намалат бројот на вработувања е многу, многу долг.

Образложението е секогаш слично: „Општата рамка за управување е променета“. Компаниите и цели индустрии мора да се променат ако сакаат да останат конкурентни. Има трошоци за енергија, кои се сè поскапи во Германија, како и политика, која повикува на климатски неутрално производство.

Потоа, тука е дигитализацијата, која го менува целиот производствен процес, според кој мора да се промени и организациската структура. Сето тоа води до тоа дека некои производствени процеси веќе не се исплатат, а концерните одделуваат цели сегменти, ги продаваат или самостојно ги испраќаат на берза.

Промените станаа „нормални“

Сето ова бара различна стручност, способности и технолошка подготовка на вработените. „Нашиот свет на работа станува побрз и покомплексен“, изјави за ARD Јута Рамп од Институтот за вработување и светот на работа во Лудвигсхафен. „Промената е нормална состојба и мора да најдеме одговор на тоа.“

Проблемот е што не постои единствен одговор за надминување на низа предизвици.

Енцо Вебер од Институтот за пазар на труд и професионални истражувања при Канцеларијата за вработување во Нирнберг го релативизира овој тренд:

„Додуша, изминативе години имаше нешто повеќе отпуштања, но долгорочно квотата е сè уште ниска, каква што не била одамна. Она за кое се известува сега е првенствено за големи, глобални концерни“.

Промените кај „малите“ почнаа одамна, но не се пишува толку за тоа.

Особеноста на сегашната ситуација е испреплетувањето на низа промени, од стремежот кон климатска неутралност до сè поскапата енергија во Германија, но во исто време евидентна е деглобализацијата и промените во глобалното движење на стоки и услуги. Многу работи се испреплетени и меѓусебно зависни.

И бидејќи цели технолошки решенија - како што се моторите со внатрешно согорување - веќе не ја предвидуваат иднината, експертите во овие области станаа вишок. Но, во исто време, панично се бара експерти кои ќе го најдат одговорот и технолошките решенија на иднината, од вештачка интелигенција до водородна технологија.

Експерти се бараат „под дрво и камен“

Но, во Германија е исто така огромен проблем што целата бејби бум генерација, родена во раните шеесетти, ќе се пензионира во догледна иднина.

„Со чиста пресметка, поради демографскиот развој, до 2035 година ќе останеме без седум милиони вработени доколку не најдеме решение“, вели Вебер. А дали Германија и без нив ќе остане индустриска велесила - тоа е големо прашање за во иднина.

Дополнителен проблем е што при оваа брзина на промени во светот на работата, целокупниот школски и образовен систем едноставно нема време да се промени. Некои занимања кои беа барани пред десет години денес се помалку се потребни и овие млади професионалци мора да бараат работа.

Германските концерни се повеќе се свесни дека треба да се потрудат да најдат експерти кои им се потребни. Голем број големи компании - Covestro, Henkel, Bosch, RWE, а тука е и Deutsche Bank - воспоставија „сојуз на можности“, при што на вработените кои повеќе не се потребни во еден сектор им се нуди дополнителна обука за активност во друга област. Преквалификацијата е нешто од што можат да имаат корист и помалите компании.

„Се наоѓаме во време на исклучително големи можности“, смета Вебер.

Сè помалку ќе има смисла да се опстојува во старата индустрија и технологија, особено затоа што има се повеќе деловни можности во новите и зелените индустрии. „Тие бараат луѓе кои можат технички да направат нешто“, убеден е Вебер. Затоа тој не зборува за колапс, туку за заживување на германската економија.

реклама

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе