Бриселската полиција уапси 150 луѓе по антирасистичкиот протест

Белгиската полиција синоќа во Брисел уапси 150 луѓе и употреби водени топови за да ги спречи немирите по мирниот антирасистички протест на илјадници луѓе.

Градоначалникот на Брисел, Филип Клосе за насилството ги обвини „деликвентите“ и изјави дека 10.000 приврзаници на движењето „Црните животи се важни“, претходно, мирно демонстрираа во текот на денот.

Демонстрантите, меѓу кои и припадници на повеќе раси, за време на мирниот протест држеа бели рози и плакати против расизам.

„Мислите ли дека сте уморни од слушање за расизам? Ние сме уморни од соочување со тоа“, пишуваше на еден транспарент, што го држеше црна девојка.

Граѓаните се собраа во градовите Антверпен и Ганд и минаа 8 минути и 46 секунди во тишина, колку што белиот американски полицаец го притискаше со коленото на вратот Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина како последица на тоа.

Смртта на Флојд предизвика масовни демонстрации против расизмот и полициската бруталност во САД, кои со денови беа проследени со насилство и уништување имоти. Протестите се одржуваат веќе неколку дена во голем градови низ целиот свет.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе