Британската влада им плаќа на албанските затвореници да се вратат дома

Бројот на летови за депортација од Обединетото Кралство за Албанија се зголеми по договорот за соработка меѓу двете земји постигнат лани во декември за одвраќање и спречување на нелегалната миграција, пренесува албанската редакција на BBC.

 

Британското Министерство за внатрешни работи соопшти дека оттогаш се вратени повеќе од 1.000 луѓе: околу половината доброволно, додека останатите се комбинација од одбиени барања за азил и странски криминалци.

Албанските власти потврдија дека повеќето нивни државјани кои годинава биле принудно вратени од Британија биле осудени за злосторства извршени таму.

BBC разговарал со дел од Албанците вратени дома и дознава дека на некои затвореници им биле понудени 1.500 фунти (околу 1.700 евра) за да си заминат - иако дел од нив планираат веднаш да се вратат.

На некои затвореници им биле понудени пари за да се согласат на депортација и биле ослободени од затвор пред да ја отслужат минималната казна според постоечката програма за странски престапници.

На еден од депортираните албански затвореници, што BBC го идентификува само како Марк, му била понудена финансиска помош од 1.500 долари за да се врати дома во Албанија според друга програма наречена Програма за олеснето враќање (ФРС).

Документот на британската влада јасно покажува дека програмата е финансиски поттик што им се нуди на странските затвореници под услов да соработуваат при депортацијата и да се откажат од правото на жалба.

Марк бил депортиран според британската Програма за предвремено ослободување (ЕРС), која се однесува на странските затвореници од сите националности.

Минатата година, со владиниот Закон за националност и граници се продолжи периодот на предвремено ослободување и дозволува ЕРС од девет месеци на една година. Една од целите на таа промена, според информациите од британското Министерството за внатрешни работи, била да се зголеми бројот на депортации.

Истиот закон го укина статутот на застареност на неодлежаните казни, што значи дека затворениците кои нелегално се враќаат во Британија ќе мора да го отслужат остатокот од казната, без оглед на тоа колку време поминало - засилувајќи го одвраќачкиот фактор за луѓето како Марк.

Албанцитете можат слободно да се движат во земјите како Франција или Белгија, кои нудат лесна отскочна даска за преминување на Ла Манш.

Албанската полиција неодамна ги засили контролите на граничните премини во земјата за да ги улови депортираните од црната листа кои се обидуваат да се провлечат.

Засилената соработка меѓу Обединетото Кралство и Албанија се совпаѓа со наглото намалување на бројот на Албанци кои пристигнуваат на островот со мали чамци - само 29 биле откриени во првите неколку месеци од годинава.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Регион

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе