Британски експерти: Човештвото со децении ќе живее со коронавирусот

Според британски експерти, и покрај пронаоѓањето на вакцина светот со децении ќе живее со коронавирусот.

Вака реагираат дел од британските доктори по коментарот на британскиот премиер Борис Џонсон, кој се надева дека до Божик оваа држава ќе се врати во нормален живот.

Борис Џонсон ова го кажа кога ги изнесе плановите за ублажување на мерките за превенција од ширење на коронавирусот. Тој најави отворање на забавните центри и на затворените базени, а масовни собири ќе има од есен.

Но, реакцијата на експертите е дека на работите треба да се гледа реално и дека вирусот и понатаму ќе биде присутен.

„До Божиќ работите нема да се поправат. Дури и ако имаме вакцина или добар лекарски третман, човештвото со овој вирус ќе живее уште многу, многу години, децении кои се пред нас“, изјави д-р Џереми Фарар.

На почетокот на летото тој изјави дека овој период е клучен за спречување на втор бран на коронавирусот и додаде дека е многу важно дополнително да се зголемат капацитетите за тестирање и дека треба се вложуваат пари во лекување и вакцинација.

Професорот Џон Бел од Оксфорд вели дека се мали шансите вирусот да биде елиминиран и покрај позитивните вести дека произведените вакцини активираат имунолошки одговор на коронавирусот.

„Реалноста е дека овој патоген засекогаш ќе биде овде, нема да исчезне. Веројатно вакцината нема да има траен ефект така што ќе мора да имаме континуиран циклус на вакцинација. Затоа мислам дека идејата за елиминирање на вирусот е нереална“, вели Бел.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Read more

Здравје

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more
 

Магазин

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлегендарни изгубени градови

Читај повеќе

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Читај повеќе