Британскиот сој прави тешка клиничка слика за нецели три дена

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски вечерва на гостувањето во телевизија Канал 5 изјави дека разликата меѓу овој пик на вирусот со претходните бранови е во тоа што сега е присутен британскиот сој на вирусот кој се шири за 50 до 70 проценти побрзо и има поголем број на хоспитализации.

– Кај нас со сигурност ги имаме чешкиот и британскиот сој. Овој британски сој во 24 до 48 часа се развива клиничка слика која е навидум лесна, меѓутоа воспаление на бели дробови и тешка компликација се прави за нецели три дена. Ако некогаш велевме дека инкубацијата трае до 14 дена, сега е три до пет дена. Клиничката слика може да се појави нагло, во мал временски период со навидум лесни симптоми и со многу потешка компликација прво на белите дробови, но имаме мултисистемско зафаќање од глава, срце, црн дроб, бубрези до оштетување на крвните садови. Значи мултисистемско зафаќање од „чудовиште“ , рече Караџовски.

Оцени дека има широка трансмисија на вирусот, но оти засега здравствениот систем има капацитет да издржи.

Во моментов, како што образложи, најдоминантен е вирусот кај категоријата на граѓани од 30 до 39 години.

– Младите од 30 до 39 години се доминантна група каде се шири вирусот бидејќи тие излегуваат од дома, се дружат, не ги почитуваат некаде мерките, и проблемот е во тоа што повеќето стануваат позитивни и вирусот го носат дома, рече Караџовски.

Посочи дека се намалува бројот на хоспитализации од 40 до 50 години, но се зголемува бројот на хоспитализации од 30 до 39 и над 60 години.

Смета дека мерките се добри, но апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од вирусот.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Здравје

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Read more

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе