Брнабиќ: Македонците од 1 јуни во Србија без обврска за COVID-19 негативен тест

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека ќе настојува да го либерализира влезот во Србија што е можно повеќе, потенцирајќи дека, покрај заштитата на човековото здравје, целта е да се постигне што е можно поскоро целосно економско закрепнување и раст.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, таа повтори дека на 1 јуни ќе стапи во сила либерализиран режим на граничните премини со четири држави во регионот (Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија), без обврска на граѓаните на тие земји да имаат негативен тест за COVID-19 при преминување на границата со Србија.

– За државјаните на овие земји нема потреба од овие тестови, тие ќе влегуваат во Србија како и пред појавата на COVID-19, изјави српската премиерка.

За странците од другите земји засега и понатаму останува во сила обврската да имаат валиден негативен ПЦР тест на коронавирус и одобрување на владина комисија при преминување на границата, изјави Брнаабиќ, додавајќи дека странските државјани, доколку се особено важни за српската економија, можат да влезат и без негативен ПЦР тест.

– Комуницираме со Стопанската комора на Србија и со сите странски амбасади и стопански комори. Во тој случај странските државјани добиваат посебна дозвола за ограничено движење, од хотелот до работното место, кажа Брнабиќ.

Кога станува збор за српските државјани, таа изјави дека тие можат да влезат и да ја напуштат Србија кога сакаат.

– Не постојат никакви лимити. Тие не мора да бидат во самоизолација, односно можат нормално да влезат и да се движат нормално, доколку имаат негативен ПЦР тест на влезот во земјата, изјави  Брнабиќ.

Таа најави дека Кризниот штаб денеска ќе го разгледа прашањето за можно отворање на административните премини меѓу Србија и Косово.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Регион

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more
 

Вести

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе