Бројот на активни случаи повторно се ближи до 3.000

Скопје, 24 август 2020 (МИА) – Бројот на новозаболени лица со COVID-19 и натаму останува троцифрен.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 137 случаи, а Скопје и Куманово се на врвот на листата со најмногу заразени. Во моментов, од почетокот на епидемијата има вкупно 2.921 активни случаи.

Вкупниот број на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 13.595. Бројката на оздравени пациенти е 10.110, а на починати 564.

Според извештајот на Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден се направени 1.414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на COVID-19.

Од нив, 53 се во Скопје, 19 во Куманово, 8 во Штип, 4 во Тетово, 2 во Струга, 6 во Велес, 7 во Битола, 10 во Гостивар, 2 во Гевгелија, 1 во Струмица, 2 во Крива Паланка, 2 во Пробиштип, 3 во Македонски Брод, 2 во Берово, 5 во Делчево..

Според податоците на Министерството, во болнички услови вчера почина 63-годишен пациент од Дебар.

Институтот за јавно здравје вчера регистрираше 58 оздравени пациенти, и тоа од Скопје 22, Штип 1, Прилеп 1, Тетово 3, Струга 11, Битола 2, Охрид 9, Гостивар 5, Демир Хисар 3, Виница 1.

Досега во земјава се направени вкупно 137.465 тестирања на COVID-19.

Како што соопшти Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден немало тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четири пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти од кои на кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на COVID-19, две деца позитивни, една мајка и три деца суспектни на вирусот.

Според извештајот од Министерството, во ГОБ „8 Септември“ примени се три пациенти. Вкупно хоспитализирани се 68 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на COVID-19.

Што се однесува до главниот град, кој останува на врвот на листата на најмногу заболени, во Чаир има најмногу активни случаи, и тоа дури 114. По него следува Гази Баба со вкупно 107 активни, во Аеродром има 103 активни случаи, во Карпош 91, Центар 84, Кисела Вода 89, Ѓорче Петров 68, Бутел 60, Шуто Оризари 40, Студеничани 20, Сарај 21, Арачиново 17.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе