Бројот на ковид-заразени се намалува, да се почитуваат мерките и совесно да се прославува

Вкупно 20.278 активни случаи со COVID-19 има досега во земјава. Иако бројот на новодијагностицирани се намалува, а се евидентираат се повеќе оздравени, сепак дневно се регистрираат по 20-ина починати.

Вчера се регистрирани нови 530 случаи со COVID-19, 538 оздравени и 26 починати лица од направени 1.999 тестирања.

Надлежните постојано апелираат да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Деновиве се интензивираат и апелите за совесно прославување на претстојните новогодишни и божиќни празници, без големи групирања и загрозување на јавното здравје.

Министерството за здравство вчера сооопшти дека во земјава вкупно се хоспитализирани 1.045 пациенти од COVID-19 и има околу 300 празни болнички кревети. Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 631 пациент.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни  на COVID-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 72, во ковид-центарот во Гостивар 35, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 61 пациент, во Кочани 19 во Кичево 20, Кавадарци 36, во  Гевгелија 19 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Facebook профил соопшти дека МВР има посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари.

– Полициското присуство секогаш било засилено околу Нова година и другите празници во текот на јануари затоа што е важно да се одржи јавниот ред и мир, а тоа го покажува ланскиот мал број пријави и инциденти. Имаме посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари, затоа апелирам за совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје, ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да си сноси одговорност, напиша министерот Спасовски.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81.425, бројот на оздравени пациенти е 58.720, а на починати е 2.427.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе