Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 34 илјади

Најмалку 29.605 луѓе загинаа во двата разорни земјотреси што ги потресоа јужните региони на Турција во понеделникот, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), јави агенцијата Anadolu.

Според податоците на АФАД, повеќе од 233.000 луѓе се вклучени во акциите за претрага и спасување на теренот.

– Околу 148.000 луѓе досега се евакуирани од регионите погодени од земјотресите, соопшти АФАД.

Турскиот Парламент во четвртокот прогласи тримесечна вонредна состојба за да ги забрза напорите за помош и да го одржи јавниот ред.

Во овие земјотреси што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија најмалку 4.574 лица, а над 5.200 се повредени.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,8 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Турција и северот на Сирија. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе