Бугарија ќе ѝ донира на Украина неисправни советски ракети С-300

Макфакс
/ 27.09.2023 / 20:42

Бугарскиот парламент денеска одлучи на Украина да ѝ донира ракети С-300 од советската ера, откако претходно го одобри испраќањето оклопни возила, потврдувајќи ја промената во политиката за помош на Киев.

„Станува збор за неисправни ракети земја-воздух С-300 кои Бугарија не може да ги поправи, но може да ги користи украинската армија“, изјави претседателот на Одборот за одбрана, Христо Гаџев, не прецизирајќи го нивниот број.

Според експертите, Украина треба да може да ги оспособи или да ги користи за резервни делови. Бугарија има значителни залихи на оружје и нејзините фабрики работат со полн капацитет од руската инвазија на Украина.

Како членка на ЕУ и НАТО, но историски и културно блиска до Москва, Бугарија со месеци одбиваше да испрати каква било воена помош за Украина, но во јуни ја промени својата политика под влијание на новата проевропска влада. Оттогаш, таа одлучи да ѝ испрати на Украина околу стотина оклопни возила и муниција за лесно оружје од полициските резерви.

Но, политичарите се многу поделени во овој поглед. Новиот текст, кој го предложија три пратенички групи кои имаат 168 пратеници од вкупно 240, предизвика жестока расправа во парламентот, а гласањето се одржа зад затворени врати, што не се памети.

„Одлуката е одобрена и предметот е затворен“, изјави за бугарското радио еден од претставниците на иницијативата, Дељан Пеевски.

Социјалистите рекоа дека го бојкотирале гласањето, нарекувајќи го „национално предавство“.

Бугарскиот претседател Руман Радев, кој жестоко се противи на испраќање воена помош поради страв од ескалација, ги обвини владата и парламентот дека се однесуваат како „донатори на странски армии“ на штета на бугарските вооружени сили.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе