Бугарскиот министер за одбрана не го нарече рускиот напад војна, ќе биде сменет

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека ќе го смени министерот за одбрана Стефан Јанев, откако неговото одбивање да ја нарече руската инвазија војна поттикна повици за негова смена.

Петков рече дека коалициската влада ќе се состане во текот на денот за да гласа за смената на министерот и да предложи нов министер за одбрана. Петков рече дека сите коалициски партнери се согласиле Јанев да биде отстранет.

„Мојот министер за одбрана не може да го користи зборот операција наместо зборот војна. Не можете да ја наречете операција кога веќе се убиени илјадници војници од двете страни“, рече Петков во телевизиска изјава.

„Интересот на Бугарија не е да ја наведнеме главата... Кога ќе видиме нешто со кое не се согласуваме, нешто толку очигледно, не можеме да молчиме“, рече Петков.

Јанев вели дека е мета на напад со конкретна цел

Во објава на Facebook доцна во неделата, Јанев напиша дека бил мета нa напад со конкретна цел, со план да биде заменет со некој кој ќе биде поотворен за одлуки кои им служат на странски интереси и може да ја загрозат безбедноста на Бугарија.

Петков ја критикуваше неговата изјава, велејќи дека ниту еден од неговите министри нема право на „своја надворешна политика, особено не на Facebook“, ниту пак верува дека нивното останување на функција е директно поврзано со стабилноста на владата.

Петков рече дека Бугарија, членка на ЕУ и НАТО, не е принудена да носи никакви одлуки од западните сојузници, но нагласи дека најголемата гаранција за безбедноста на црноморската земја е во единството со другите членки на ЕУ.

Петков беше принуден да објасни во декември дека Бугарија сè уште не разговарала за распоредување на силите на НАТО во земјата како одговор на трупањето руски сили на украинската граница, откако Јанев објави на Facebook дека верува дека такви сили не се потребни.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе