Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на ДУИ

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, ќе биде кандидат за претседател на Демократската унија за интеграција, најави лидерот на партијата, Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, имаше јавно обраќање во кое ги повика граѓаните да изберат претседател и заменик-претседател со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство.

„Ве поканувам да ни се придружите на најважниот референдум во тоа време за: Кажете 'не' на Русија, 'да' на Европа! Ајде да избереме претседател и заменик-претседател со 2/3 од гласовите и двојно мнозинство Бадентер. Бујар треба да ја очекува оваа промена што ја бараме и во нашата програма за 2016 и 2020 година. Отворањето на Уставот за случајот на претседателот ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција“, рече Ахмети.

Актуелниот претседател Стево Пендаровски влегува во претседателска трка. Оваа одлука на 3 март ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ пак објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска-Давкова која поднела план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.

Актуелниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски исто така ќе се кандидира за претседател, а како што рече како кандидат го предложила неговата партија ГРОМ.

Обединетата албанска опозиција застана зад претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

Први својот кандидат го објавија од Левица, а тоа е професорката Билјана Ванковска. Таа синоќа заедно со Димитар Апасиев и официјално ја поднесоа иницијативата за собирање потписи во ДИК.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе