Царовска: Нема бегање од актуелниот концепт за државна матура, бојкотираат изолирани групи

Различна е сликата со бојкотот на наставата од матурантите. Една гимназија во Скопје има поорганизирано дејствување, сите други се изолирани групи во дел од гимназиите. Во Медицинското, на пример, нема ниту еден ученик што бојкотира. Тоа се мали групи кои искажуваат незадоволство и тоа е нивно легитимно право, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

Во одговор на новинарско перашање по средбата со наставници од основни училишта посветена на нацрт-концепцијата, Царовска рече дека во интерес на учениците и на квалитетното образование во земјава е да се спроведе државната матура според актуелниот концепт. Треба да се менува, рече, но тоа ќе биде за наредната генерација матуранти кои ќе ја полагаат во 2022 година.

За таа цел, посочи Царовска, на состанок вчера со претставници на Сојузот на средношколци договориле да се формира работна група која од понеделник, заедно со Матурскиот одбор и со Државниот испитен центар кои се задолжени за државната матура, ќе работат да се подготви нов концепт за наредната учебна година.

– Секако дека се потребни измени во концептот за матура, но оваа година е законски утврдено како се полага и зошто се полага матура, и од тоа нема бегање. Концептот е утврден на почетокот на учебната година и тој се спроведува во моментот. Секое поместување ќе им направи проблем на учениците за запишување во високото образование надвор или во земјава. Токму затоа утврдивме дека сега одиме со овој концепт. Повеќе од 14 илјади ученици имаат пријавено да полагаат – и проектна задача и да ги полагаат предметите, истакна Царовска.

За да се осовремени завршниот испит, и за оваа година, рече, направиле некои промени – во проектната задача и во проширување на листата на изборни предмети за третиот екстерен испит со Географија и Информатика.

Додаде дека со Сојузот на средношколци се во постојана комуникација и координација и, како што рече, тие се репрезентативни во претставување на средношколците, а Средношколски глас, рече, се неодамна формирани.

Средношколски сојуз од денеска ги организира матурантите на бојкот на наставата  зашто бара намалување на бројот на предметите од четири (три екстерни и еден интерен) на два предмета, односно мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и втор предмет од областа што ќе ја студира. Средношколски глас, пак, е воопшто да не се полага матурата и за нејзино укинување собира онлајн-потписи.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе