Царовска: Повеќе од 90 проценти од учениците се вклучени во онлајн наставата

Повеќе од 90 отсто од учениците ја следат онлајн наставата и се вклучени без проблеми во неа, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска при работната посета на штипските образовни институции. Посочи дека на дневна основа се следи како се одвива процесот со онлајн наставата и, како што рече, е на задоволително ниво.

– Никогаш не можеме да кажеме совршено затоа што треба да бидеме реални. Со условите во коишто живееме и со капацитетите со кои располага државата, со нив менаџираме во моментов. Во октомври почнавме со 70 проценти од учениците да бидат вклучени во онлајн наставата, за денес да имаме повеќе од 90 проценти од учениците вклучени без проблем во онлајн наставата. Наставниците се исто така задоволни, рече Царовска.

Според министерката за образование, моделот на настава што е избран во нашата земја во овој момент покажува одлични резултати.

– До вчера, само 66 ученици и само 160 наставници во наставата со физичко присуство се позитивни. Тоа во проценти е 0,05 од учениците коишто се со физичко присуство, и помалку од еден процент од наставниците. Тоа укажува дека во образовниот систем пандемијата е под контрола и бројките се ниски, рече Царовска.

Министерката и денеска повтори дека првото полугодие од учебната година 2020-2021 година ќе заврши на крајот на годинава, согласно со Планот за учебната година објавен во Службен весник, и второто полугодие ќе почне на  21 јануари.

-Второто полугодие ќе трае до 10 јуни доколку условите и здравствената ситуација остане на ова ниво, рече Царовска.

Министерката за образование и наука и вршителот на должност градоначалник на Штип, Јане Миланов денеска го посетија и регионалниот електро-машински училишен центар „Коле Нехтенин“-Штип, каде што се направени големи инвестиции во подобрување на условите за едукација на учениците. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе