Цел живот погрешно сме играле Super Mario

Милиони играчи погрешно ја играат Super Mario Bros. веќе 37 години, без да знаат дека има многу полесен начин.

Иако не се смета за оригиналната Super Mario Bros., играта од 1985 година беше особено тешка, таа секако припаѓаше на генерацијата игри каде гејмерите го немаа луксузот да губат. Поточно, кога станува збор за Mario, без разлика каде е изгубен последниот живот, играта ќе нè врати на ниво 1-1 и мора да почнеме од почеток. Барем така мислевме...

Милиони луѓе играа Super Mario Bros. според овие правила, милиони исто така ги сносеа последиците од нивниот пораз. Напредувањето низ 32 нивоа само за да изгубите од Bowser е доволна казна. Враќање на 1-1 и звукот на првите тактови на култната тематска песна? Измачување!

Како и да е, се покажа дека сме играле погрешно сите овие години и немало причина повторно да ги поминуваме сите нивоа откако ќе го загубевме последниот живот. Добро прочитавте – сме имале можност да скокнеме назад во светот каде што бевме поразени!? Додека оваа тајна кружи на интернет со години, RetroGamingOnline ја направија вирална на TikTok со нивното неодамнешно видео.

 

@retrogamingonline How did I not know this??! #retrogaming #retrogamer #retrogamingontiktok #videogames #nintendo #90skids #nostalgia #retrogames #80s #mario #mariobros #nes ♬ original sound - RetroGamingOnline

Овој трик работи на која било верзија на оригиналниот Super Mario Bros. игри - било да се тоа NES, Wii U, Nintendo Switch или емулатор - за да можете сами да ги испробате. Следниот пат кога ќе ги изгубите сите животи, дозволете играта да се врати на почетниот екран, држете го копчето A и потоа притиснете Start. Играта ќе се рестартира на првото ниво на светот каде умревте, наместо да се рестартира од 1-1.

Ова значи дека ако умрете на ниво 4-1, се враќате на 4-1. Ако изгубивте на ниво 7-3, се враќате на 7-1. Значи, сепак ќе треба да играте низ сите нивоа на светот што веќе сте ги победиле, но секако е подобро отколку да започнете одново.

Тагови
реклама

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе