Цементарница УСЈЕ ја демантира Арсовска: Изнесените податоци за загадувањето се неточни

Откако скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска на прес-конференција информираше дека се извршени мерења на амбиенталниот воздух во „Цементарница УСЈЕ“ и е утврдено дека фабриката придонесува кон загадувањето на воздухот во Скопје, како и дека за тоа ќе биде започната кривична постапка, фабриката ги демантираше наводите, нагласувајќи дека ги отфрлаат како неосновани ставовите кои се изнесени во јавноста.

Оттаму образложија дека вонредната контрола што била спроведена од страна на Државниот инспекторат за животна средина на 3 и 4 јануари 2023 година, во присуство и на инспектори од Град Скопје, потврдила дека емисиите од производниот процес во „Цементарница УСЈЕ“ се пониски од дозволените гранични вредности, потенцирајќи дека производниот процес во фабриката се одвива во законски определените рамки и според еколошките стандарди.

– На прес-конференцијата без изнесени и податоци за мерења на 26 и 27 декември 2022 година. Вакви мерења во овие денови во кругот на фабриката воопшто не се направени, па оттука резултатите од нив не можат да се поврзат со УСЈЕ. Мерењата направени на 3 и 4 јануари 2023 од страна на ДИЖС и инспектори за животна средина на Град Скопје во кругот на „Цементарница УСЈЕ“, уште еднаш потврдуваат дека нема корелација помеѓу работата на цементарницата и квалитетот на амбиентниот воздух во градот. Резултатите од мерењата на сите емисини точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на ПМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во „Цементарница УСЈЕ“ е дури и помала од други мерни места во градот, истакнаа од „Цементарница УСЈЕ“.

Од фабриката наведоа дека поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, за загревање на просториите се употребува мазут, што е дозволен енергенс согласно А-Интегрираната еколошка дозвола.

– При оваа вонредна контрола, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата. Компанијата веднаш ќе ги имплементира препораките на Инспекторатот и ќе направи замена на енергенсот со природен гас, додадоа од „Цементарницата“.

Оттаму потенцираа дека во УСЈЕ редовно се вршат независни мерења од страна на акредитирани лабаратории.

– Резултатите од досега извршените редовни мерења покажаа дека сите емисии, вклучувајќи ги и емисиите во котларата, се под законски дозволените граници. Последното вакво редовно независно мерење е направено на 28 отомври 2022 година, наведоа од УСЈЕ.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе