Цената на нафтата е близу 91 долар

Цените на нафтата се стабилизираа близу нивото од 91 долар на меѓународните пазари во понеделникот, додека инвеститорите се обидоа да ги проценат шансите за ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хамас и прекини во снабдувањето од Блискиот Исток.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше речиси непроменета во однос на затворањето на трговијата на крајот на минатата недела и изнесуваше 90,85 долари. Минатиот петок ја затвори трговијата со добивка од 4,89 долари.

Позначителни промени денеска немаше ниту на американскиот пазар, каде барелот се тргуваше по 87,81 долари. Во петокот тргувањето заврши со добивка од 4,78 долари.

На крајот на минатата недела трговците беа вознемирени од упадите на израелската армија на територијата на блокираниот палестински Појас Газа. Израел најави одговор на пробивот на палестинската исламистичка група Хамас, а пазарите стравуваат дека конфликтот може да се прошири во поширокиот регион на Блискиот Исток.

Војната меѓу Хамас и Израел е меѓу најголемите геополитички ризици за нафтените пазари, по руската инвазија на Украина, велат аналитичарите.

Во понеделникот, Израел ги засили воздушните напади врз Газа, по неуспешната дипломатска иницијатива за прекин на огнот за да им се дозволи на странските државјани да заминат и хуманитарната помош да стигне до палестинската енклава.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во меѓувреме изјави дека во текот на денот повторно ќе го посети Израел и ќе разговара за можните сценарија.

„Инвеститорите се обидуваат да ги проценат последиците од конфликтот пред почетокот на големата израелска копнена офанзива“, објаснува Хиројуки Кикукава, потсетувајќи дека рокот од 24 часа што Израел им го дал на жителите на северот на Газа, велејќи им да заминат на југот на енклавата е истечен.

На крајот на минатата недела, цените на нафтата беа катапултирани од американските санкции против сопствениците на танкери со седиште во Турција и Обединетите Арапски Емирати кои превезуваа руска нафта по цени повисоки од 60 долари. Ограничувањето на цената го постави групата Г7.

„Неочекуваната одлука на САД да воведат построги санкции за сопствениците на бродови што превезуваат руска сурова нафта со цена над границата од 60 долари за барел почна да ги иритира (пазарите)“, објаснува Џон Еванс од PVM.

Ним им пречи и руско-саудиската средба, која рускиот претседател Путин ја заклучи со изјава дека мерките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници ги даваат првите плодови и ја враќаат стабилноста, додава Еванс.

Рускиот вицепремиер Александар Новак во понеделникот го повтори ставот на Путин, велејќи дека, според мислењето на Русија, важно е ОПЕК + да продолжи со мерките за стабилизирање на состојбата на пазарот.

Одделно, ОПЕК објави дека барел нафтена кошница на нејзините членки во петокот поскапе за 2,19 долари на 91,62 долари.

Тагови
реклама

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе