Цените на нафтата над 96 долари, ОПЕК и сојузниците го намалуваат производството

Цените на нафтата денеска „скокнаа“ на меѓународните пазари над 96 долари откако водечките производители одлучија благо да го намалат производството во октомври, а рускиот Газпром ја одложи испораката на гас за Европа преку Северен поток 1.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладнето беше повисока за 3,43 долари отколку на затворањето на крајот од минатата недела и изнесуваше 96,42 долари. На американскиот пазар, барелот во електронската трговија се тргуваше по 2,94 долари повисока цена, од 89,87 долари.

Американските пазари денеска се затворени поради празникот.

Трговците денеска очекуваа одлука од ОПЕК и неговите сојузници, вклучувајќи ја Русија, за производство во октомври.

ОПЕК+ одлучи благо да го намали производството во октомври, за само 100 илјади барели дневно, што одговара само 0,1% на глобалната побарувачка.

Загриженост предизвика рускиот гасен гигант Газпром, кој во петокот одлучи дека сепак за викенд нема повторно да почне со испорака на гас во Европа преку Северен поток 1 поради истекување нафта во турбината во Портановка кај Санкт Петербург.

Цените на гасот „скокнаа“ утрово на европските пазари за 30%. Аналитичари предвидуваат зголемена потрошувачка на нафта во производството на електрична енергија.

Во август, Меѓународната агенција за енергија ја зголеми својата проценка за побарувачка за нафта годинава, дел и затоа што се очекува некои земји, поради рекордни цени на гасот и струјата, гасот во електраните да го заменат со нафта.

Поддршка на цените даваат и денешното ублажување на епидемиолошките мерки во кинески Шенжен и укажувањата за проблеми во преговорите за иранската нуклеарна програма што би можеле да го отворат патот за враќање на иранската нафта на меѓународните пазари.

Според неименувам западен дипломат, Белата куќа во петокот го одби барањето на Техеран, договореното да се врати договорот од 2015 година да се поврзе со склучувањето на инспекциите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Иран.

ОПЕК одделно објави дека барел од нафтената кошница на нејзините членки минатиот петок се зголеми за 95 центи, на 99,22 долари.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе