Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од јануари

Цените на нафтата минатата недела паднаа на најниско ниво на глобалните пазари, четврти пат по ред, бидејќи централните банки подигнуваат каматни стапни поради високата инфлација, што би можело да предизвика рецесија, а со тоа и пад на побарувачката на црното злато.

Цената за барел на лондонската берза минатата недела се лизна за 5,7% на 85,15 долари, додека на американската берза барелот поевтини за 7,5%, на 78,75 долари.

Падот на цените на најниско ниво од средината на јануари е последица на успорувањето на растот на најголемите светски економии и сѐ поголемиот ризик од рецесија. Поради високата инфлација, централните банки ги зголемуваат каматните стапки, што го забавува економскиот раст и со тоа ја ослабува побарувачката за енергенси.

Минатата недела американската и швајцарската централна банка ги подигнаа клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени, а британската и норвешката централна банка за половина поен.

Трговците стравуваат дека повисоките трошоци на задолжување ќе го пригуши економскиот раст и ќе предизвика рецесија, а нивните стравувања ги поддржа и истражувањето на S&P Global од петокот, кое трет месец по ред покажува пад на PMI деловната активност на еврозоната во септември.

„Рецесија во еврозоната е многу веројатна“, заклучува економистот на S&P Global, Крис Вилијамсон. Како резултат на тоа, цените на нафтата во петокот паднаа и за околу 5%.

„Слабите европски PMI индекси, загриженоста за растот поради агресивново заострување на монетарната политика во САД и Европа влијае на ризичните средства. Ниту цените на нафтата не се имуни на овие стравувања поврзани со растот“, објаснува Џовани Стауново од швајцарската банка UBS.

Силниот долар исто така негативно влијае на цената на нафтата. Индексот на доларот, кој покажува подигнување на вредноста во однос на останатите шест најважни светски валути, минатата недела порасна за 3% и достигна ново највисоко ниво во последните 20 години. А, поскапувањето на нафтата за купувачите во други валути негативно влијае на побарувачката.

„Стравот од рецесија, честото зголемување на каматните стапки од страна на централните банки и силината на доларот ги надминаа геополитичките тензии“, вели Тамаш Варга од PVM Oil Associates.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе