Цените на нафтата паднаа по две недели раст

На светските берзи цените на нафтата паднаа минатата недела по две недели раст, бидејќи растот на западните економии забавува, што може да ја ослаби побарувачката за нафта, а, од друга страна, тоа треба да биде поддржано од закрепнувањето на кинеската економија.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 1,1 отсто, на 86,66 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 2 отсто, на 79,68 долари. По две недели раст, цените минатата недела паднаа бидејќи трговците се загрижени поради забавувањето на растот на западните економии, особено на американската.

Додуша, новите податоци покажаа дека најголемата светска економија продолжува да расте, но американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки со цел да ја потисне инфлацијата, што неминовно ќе го забави растот на економијата, а со тоа и побарувачката на нафта.

Се очекува на овонеделната седница челниците на ФЕД повторно да ги зголемат каматните стапки, за 0,25 процентни поени. Оттука, се поставува прашањето, велат аналитичарите, дали американската економија ќе западне во рецесија или „ќе слета меко“.

Сè ќе зависи од Кина

Од друга страна, цените на црното злато се поддржани од надежта на трговците дека брзото олеснување на рестриктивните мерки за коронавирусот ќе го забрза растот на кинеската економија.

„Дали цената на нафтата ќе порасне ќе зависи од тоа колку брзо ќе се опорави кинеската побарувачка за сурова нафта во овој квартал“, рече Стивен Бренок од PVM.

Кина е најголемиот увозник на нафта во светот, а олеснувањето на инфекцијата и постепеното нормализирање на животот би значело закрепнување на економијата и побарувачката за гориво.

реклама

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе