Цените на нафтата паѓаат трета недела по ред

На светските берзи цените на нафтата паднаа и минатата недела, трета по ред, бидејќи забавувањето на растот на глобалната економија и рестриктивните мерки во Кина против COVID-19 ќе ја ослабат побарувачката за енергетски производи.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 4,6 отсто, на 83,63 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 4,7 отсто, на 76,28 долари.

Падот на цените трета недела по ред главно се должи на загриженоста на трговците за ширењето на COVID-19 во Кина, најголемиот светски увозник на нафта.

Во петокот, Кина објави нов рекорден број случаи на вирусот, а некои градови продолжуваат да спроведуваат мерки за спречување на новиот бран на ширење на вирусот, ограничувајќи ја подвижноста.

Ограничувањата почнуваат да ја намалуваат побарувачката за гориво, која се проценува дека е околу 1 милион барели дневно пониска од просекот, пишуваат аналитичарите на ANZ во изгледите на пазарот.

Се очекува и натамошно забавување на растот на американската економија, со оглед на тоа што тамошната централна банка, ФЕД, најавува дополнително зголемување на каматните стапки поради високата инфлација.

Поради високата инфлација, многу други централни банки во светот ги зголемуваат каматните стапки, а економскиот раст забавува.

Трговците ги следат и разговорите меѓу претставниците на групата Г7 и Европската Унија за ограничување на цената на руската нафта што се испорачува по море на 65 до 70 долари за барел.

Целта е да се ограничат приходите на Москва за финансирање на руската инвазија на Украина и во исто време да се избегнат нарушувања на светските пазари на нафта. Предложениот опсег е во голема мера во согласност со цените што ги плаќаат купувачите во Азија, според Reuters.

Ограничувањето на цената треба да функционира така што ќе им забрани на превозниците и осигурениците да работат со руската нафта доколку нејзината цена е повисока од утврдениот износ. Механизмот треба да се активира на 5 декември, кога стапува на сила ембаргото на ЕУ за руската нафта.

Тргувањето се очекува дотогаш да биде претпазливо. Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините партнери ќе одржат нов состанок за производната политика на 4 декември.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе