Цените на нафтата се стабилизираа

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во четвртокот, по одлуката на Европската централна банка да го забави зголемувањето на каматните стапки, но не успеа да закрепне голем дел од падот на оваа недела над осум отсто, бидејќи загриженоста за побарувачката продолжи.

Цената на барел сирова нафта на лондонскиот пазар се зголеми за 28 центи во однос на претходното затворање, на 72,61 долар. На американскиот пазар барелот остана непроменет на 68,66 долари. Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот го забави темпото на зголемување на каматните стапки и ја задржа можноста за идни потези, бидејќи продолжува да се бори со тврдоглаво високата инфлација во еврозоната.

Зголемувањето на трите клучни каматни стапки на ЕЦБ за 0,25 процентни поени е најниско откако минатото лето почна да ги зголемува.

„Денешната одлука сигнализира дека ЕЦБ влезе во последната фаза од тековниот циклус на затегнување“, се вели во белешката на ING.

Цените беа под притисок оваа недела поради загриженоста за американската економија и индициите за слаб раст на производството во најголемиот светски увозник на нафта - Кина. Тие дополнително се лизнаа откако американската централна банка, ФЕД, ги зголеми каматните стапки во средата, ограничувајќи ги изгледите за економски раст на краток рок.

Но, на пазарот му беше дадена одредена поддршка со индициите дека ФЕД може да паузира со натамошните зголемувања на каматните стапки, да им даде време на службените лица да ги проценат последиците од неодамнешните неуспеси на банките и да го разјаснат спорот околу зголемувањето на плафонот на американскиот долг.

„Со евентуален прекин на ФЕД, плафонот на долгот кој се надеваме дека ќе биде решен овој месец, намалувањето на производството на ОПЕК + што ќе се почувствува за неколку недели и глобалната побарувачка зајакната во втората половина од годината, постои силно верување дека Прашањето не е колку ќе падне цената на нафтата, туку колку долго ќе паѓа“, рече Тамас Варга од PVM.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, група позната како ОПЕК +, започнаа доброволни намалувања на производството на почетокот на овој месец. Рускиот вицепремиер Александар Новак во четвртокот изјави дека неговата земја се држи до своето доброволно ветување да го намали производството на нафта за 500.000 барели дневно во периодот од февруари до крајот на годината.

Одделно, ОПЕК денеска објави дека во средата цената на барел кошничка нафта на нејзините членки паднала за 4,80 долари во однос на претходниот ден, на 73,75 долари.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе