Цените на нафтата стабилни, залихите растат поради слабата побарувачка

Цените на нафтата на глобалните пазари останаа речиси непроменети минатата недела бидејќи се поддржани од најавата на Русија за намалување на извозот, додека, од друга страна, се притиснати од забавувањето на светскиот економски раст.

 

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 16 центи, на 83,16 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 2 центи, на 76,32 долари.

Цените беа поткрепени со веста дека во март Русија ќе го намали извозот од западните пристаништа и до 25 отсто, што би го надминало претходно најавеното намалување на производството за 500.000 барели дневно. Од друга страна, цените се под притисок бидејќи растот на најголемите светски економии забавува, имајќи предвид дека централните банки веќе подолго време ги зголемуваат каматните стапки за да ја ограничат инфлацијата.

А забавувањето на економскиот раст доведува до зголемување на залихите. Така, беше објавено дека резервите на сурова нафта во САД минатата недела пораснале за дури 7,6 милиони барели, на највисоко ниво од мај 2021 година.

Раст на залихите

Залихите постојано се зголемуваат од средината на декември, што укажува на слабеење на побарувачката. И тој тренд најверојатно ќе продолжи бидејќи станува се појасно дека Американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки, имајќи предвид дека инфлацијата и понатаму е висока.

Така, сега се проценува дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки уште најмалку два или три пати, до јули до 5,35 отсто, а цената би останала на овие нивоа до следната година. Во поново време, инвеститорите се надеваа дека основната каматна стапка на ФЕД може да остане под нивото од 5 проценти и дека ФЕД ќе започне циклус на намалување на стапката на крајот на годината.

И сето тоа го поддржува растот на курсот на доларот, што исто така негативно влијае на побарувачката на нафта бидејќи ја намалува куповната моќ на купувачите со други валути. Поради сето ова, цената на нафтата падна во првите два месеци од годинава. Во моментов цената на барелот на лондонскиот пазар е во минус од почетокот на годината за околу 3,2 отсто, а на американскиот пазар за околу 5 отсто.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе