Чаша вода наутро на празен стомак? Да, само под еден услов

Доброто здравје зависи од многу навики, а пиењето чаша вода пред првиот оброк е една од најкорисните.

Тоа е мислењето на многу лекари, а нутриционистката Нурија Дијанова предупредува дека сепак треба да водиме сметка за некои работи.

„Кога човек пие вода на празен стомак, пред појадок, неговото тело се буди, започнуваат дигестивните процеси, се стимулира работата на гастроинтестиналниот тракт. Една чаша вода секое утро пред оброк е добра навика, особено ако се прави редовно. Резултатот е нормализирање на цревната микрофлора, кожата станува почиста, а расположението се подобрува“, рече Дијанова.

„Од гледна точка на гастроентерологијата, се активира еден од основните рефлекси - гастроинтестиналниот, бидејќи внесувањето вода на празен стомак ја поттикнува подвижноста на цревата“, објасни нутриционистката и напомена дека не секоја вода има таков ефект.

„Водата треба да биде на собна температура, а не ладна, особено ако постои склоност кон запек, што е случај кај околу 80 отсто од населението што живее во градска средина“, вели таа.

„Некои луѓе сакаат да додаваат сок од портокал или лимон во чаша вода што ја пијат на празен стомак, но ова се препорачува само за оние кои немаат болести на гастроинтестиналниот тракт“, предупреди нутриционистката.

„Во присуство на гастроинтестинални заболувања, егзацербации, таквата вода, а особено ако е ладна, може да предизвика грчеви, болки во стомакот, па дури и да развие панкреатитис“, објасни Дијанова.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Здравје

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more
 

Магазин

Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Читај повеќе

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Читај повеќе
  • filter

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Читај повеќе

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Читај повеќе

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе