Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Синоќа во музејот Метрополитен во Њујорк се одржа Мет Гала која воедно се нарекува и најважниот моден настан на годината, а темата беше „Заспани убавици: Повторното будење на модата“.

Модниот кодекс беше „Градина на времето“, а најпознатите модни куќи и светски познати дизајнери беа задолжени да ја интерпретираат и презентираат споменатата тема на креации што ги носеле познатите гости.

Почнувајќи од Џенифер Лопес, која беше една од копретседавачките на овогодинешното издание на Мет Гала, преку Ким Кардашијан, Рита Ора, Шакира, Тајла и други познати личности, најважните личности од светот на шоубизот прошетаа тепих прилагоден на тема на настанот.

Секоја година, листата на гости ја одобрува главната уредничка на Vogue, Ана Винтур, но присуството не е само со покана - има и скапи билети.

Time објави дека поединечните билети за Мет Гала 2024 година, на која се собираат средства за Институтот за костими на Музејот на уметноста Метрополитен, чинат 75.000 американски долари, од 50.000 долари во 2023 година. Масите почнуваат од 350.000 долари.

Масите обично ги купуваат дизајнерски куќи, брендови или компании, кои потоа избираат кого сакаат да поканат на масата, за што е потребно и одобрение од Ана Винтур.

Кендал Џенер

Кендал Џенер воодушеви во фустан од Givenchy од 1999 година со слоеви од црн и проѕирен тул што го покриваа нејзиното тело. Исечен детал на половината ја истакна нејзината фигура, а ова парче облека имаше повеќе од 100.000 извезени мониста и светки.

Емили Ратајковски

Емили Ратајковски носеше винтиџ фустан на Versace од колекцијата есен/зима 2001 година.

Рита Ора носеше шарен фустан со мониста со исечоци по телото. Таа изјави за Vogue дека материјалот од мониста датира од „првиот и вториот век пред нашата ера“.

URL

Ким Кардашијан се појави во фустан од Maison Margiela кој имаше сребрен корсет и металик елементи, а особено впечатлив беше нејзиниот неверојатно тесен струк.

Ким Кардашијан

Џенифер Лопес носеше фустан од Schiaparelli кој се состоеше од 2,5 милиони рачно шиени монистра.

Џенифер Лопес

Јужноафриканската пејачка Тајла беше една од највпечатливо облечените гости на Галата, облечена во фустан од песок во кој едвај се движеше.

Тајла

Ирина Шајк белсна на Мет Гала во фустан целосно направен од кристали Swarovski. Фустанот со длабоко деколте на супермоделот беше покриен со 84.000 кристали и беа потребни повеќе од 200 часа за да се создаде, според Vogue.

Ирина Шајк

Зендаја беше уште една славна личност која го красеше синоќешниот настан, појавувајќи се во сино-зелен фустан од Maison Margiela со гранки и овошни детали.

Зендаја

Дуа Липа воодушеви појавувајќи се во готски црно-бел чипкаст корсет и здолниште на Marc Jacobs, во комбинација со мрежести ракавици и наметка од пердуви.

Дуа Липа

Кога зборуваме за најдобро облечените мажи, меѓу нив секако е и Бед Бани, кој се појави во креација на Maison Margiela.

Бед Бани

Шакира изгледаше неверојатно во огнено црвена тоалета на Carolina Herrera со долга опашка до подот, драматични ракави и шлиц до бутовите.

Шакира

Еди Редмејн и неговата сопруга Хана Багшоу му го доверија стајлингот на лондонскиот дизајнер Стив О’Смит.

URL

Фустанот на Џиџи Хадид беше украсен со 3D рози, а креацијата на Thome Brown ја правеа повеќе од 70 луѓе во текот на 13.500 часа.

Џиџи Хадид

Никол Кидман носеше реинтерпретација на иконскиот фустан на Cristobal Balenciaga од 50-тите.

Никол Кидман

Лана дел Реј се појави во кремав фустан на Alexander McQueen со детали во форма на гранки од дрвја и превез кој ѝ го покриваше лицето.

Лана дел Реј

Лил Нас X носеше креација на Раул Лопез од Лоара која беше украсена со 50.000 кристали Swarovski.

URL
Тагови
реклама

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Read more

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Read more

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Голем финансиски хороскоп за ноември 2025 година

Read more

Стил

Монголка ја претставува Србија на Мис Универзум, Србите тврдат дека не ја избрале

Read more

Палестина прв пат на Мис Универзум: Мисицата веќе освојува симпатии

Read more

Ѕвездите воодушевија во раскошни фустани на отворањето на Големиот египетски музеј во Гиза

Read more

Што ќе донесе 31. сезона на Моден викенд Скопје?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Торта Југославија – слатко потсетување на едни добри времиња

Читај повеќе

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Три симптоми кои укажуваат на можни проблеми со црниот дроб

Читај повеќе

Популарен суплемент покажува загрижувачка врска со срцева слабост

Читај повеќе

Што да пиете наутро за регулирање на варењето и зајакнување на имунитетот?

Читај повеќе

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Читај повеќе
  • play_arrow

Монголка ја претставува Србија на Мис Универзум, Србите тврдат дека не ја избрале

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Палестина прв пат на Мис Универзум: Мисицата веќе освојува симпатии

Читај повеќе

Како Нови Сад го добил името?

Читај повеќе