Барселона синоќа ја преслуша Севиља со 3:0 и го искористи киксот на Реал Мадрид кај Мајорка за да му избега 8 бода на табелата.

Тренерот на каталонскиот великан, Чави Ернандес, сепак смета дека опуштање воопшто не смее да има.
„Се наоѓаме на врвот со 8 бодови предност пред Реал и тоа е важна предност, но првенството ни под разно не е решено. Остануваат уште многу натпревари за играње, Реал може било кога да победи било кого, а ќе дојде и на 'Камп Ноу'. Не, Примера ни случајно не е готова“, вели Чави.
Новинарите му упатија забелешка дека Реал не само што бодовно заостанува, туку е „мртов“ според играта што ја прикажува.
„Реал мртов? Па тие толку пати докажаа дека се кадарни да направат големи пресврти. За жал, такво нешто искусив како играч и не би сакал тоа да го искусам и како тренер. Без обѕир на нашата предност, фаворит за освојување на Примера е Реал. Затоа што е актуелен шампион на Шпанија и на Европа. Ние сме само кандидати“, заврши предводникот на Барселона.
По 20 кола во Ла Лига, Барселона е лидер со 53 бодови, додека Реал Мадрид е втор со 45. Следуваат Реал Сосиедад со 39, Атлетико со 35, а Виљареал и Бетис имаат по 31.