ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Челси вечер игра за себе, но и за Ливерпул

Тимот на Ливерпул по 30 години чекање вечерва има шанса конечно да прослави титула во Премиер лигата, но само доколку Челси му направи услуга и го сопре Манчестер Сити.

Тимот на Јирген Клоп вечерва пред малите екрани со големо нетрпение ќе ја следи пресметката на Челси и Манчестер Сити.

Откако синоќа го декласираше Кристал Палас со 4:0, Ливерпул сега има 23 бодови предност пред второпласираниот Манчестер Сити, единствениот тим кој теоретски може да му помати сметки. „Граѓаните“ вечерва го играат нивниот натпревар од 31. коло и доколку не слават на „Стемфдорд Бриџ“ тогаш и математички Ливерпул ќе ја освои титулата.

А дека ќе имаат тешка задача говори и фактот што на Челси и тоа како му е потребна победа во борбата да ја задржи четвртата позиција и да се пласира во Лигата на шампиони. „Сините“ со 51 бод се само два бода пред забрефтаните Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон кои го посакуваат токму местото во европската елита.

Челси вечерва прво игра за себе, за Лигата на шампионите, но истовремено, сакале или не, играат и за ривалот Ливерпул. Нивно славје ќе значи славје и за „Црвените“ и прва титула по сезоната 1989/90 кога под водство на легендарниот шкотски стратег Кени Далглиш последен пат беа шампиони на Англија. Дури Челси и да не победи, односно доколку натпреварот заврши нерешено, Ливерпул повторно ќе слави.

Доколку Манчестер Сити успее да дојде до трите бода среде Лондон, тогаш в недела во директен дуел во Ливерпул ќе се обиде уште еднаш да му ја одложи прославата.

Вечерашниот дуел на „Сремфорд Бриџ“ почнува во 21.15 часот, а правдата ќе ја дели Стјуарт Атвел.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе